Воспалението на синусите може да биде многу непријатно. Тегобите поврзани со синусите најчесто се појавуваат наесен и зимно време поради студениот воздух и сувиот воздух во затворените простори, но неретко тегобите може да се продолжат и напролет.

Слузокожата на синусите во тие неповолни услови станува сува и чувствителна, па посклона е на воспаленија. Воспалението на синусите или синуситис со оглед на на причината може да биде бактериска, вирусна и поретко габична, а со оглед на симптомите, може да биде акутна или хронична.

Симптомите варираат различно кај секој поединечно. Најизразени и најчести симптоми при оваа состојба се силна главоболка и притисок во пределот на синусите, особено наутро при станување од спиење, исцедок од носот – на бактериско воспаление на синусите укажува гно-ен исцедок од носот, а на вирусно – кр-вав исцедок, затнат нос, кашлица, зголемена телесна температура.

За да се ублажат тегобите поврзани со воспаление на синусите, одржувајте ја влажноста на воздухот во просториите во кои престојувате. Редовно проветрувајте ги просториите, а собата во која спиете нека биде малку постудена од останатите простории.

Одржувајте ја хигиената на носот, редовно користете физиолошки раствор за испирање на носот. Правете редовна инхалација со загревање на вода и во неа додајте неколку капки етерично масло од евкалиптус, рузмарин, чајно дрво или жалфија. Повторувајте ја инхалацијата неколкупати дневно.

Воспалението на синусите може да се појави поради дејство од различни причини, како што се разни надворешни алергени или под дејство на храна како млеко, глутен или вештачки адитиви.

Воспалението трае неколку недели и може да трае до неколку години со влошување или намалување на симптомите. Предизвикува постојано чувство на замор и слабост на организмот. Воспалението на синуси може да се појави поради настинка или алергии, а кај луѓе кои имаат слаб имунолошки систем, појавата на габи можат да доведат до синузитис.

Ова воспаление е многу честа појава и речиси сите барем еднаш имале проблеми со синусите со најчестите пропратни симптоми како што се: б олка, оток или назална конгестија.

Синусите се мали шуплини во внатрешноста на черепот кои се исполнети со воздух. Тие создаваат слуз што има за задача да ги навлажни носните шуплини и да ги отстрани сите алергени или патогени честички.

За време на воспалението се јавува оток на ткивото во внатрешноста на носните шуплини, така што синусите се затвораат, а слузта и воздухот остануваат „заробени”, а како резултат на тоа се јавува б олка, оток и отежнато дишење.

Сето ова создава впечаток на голем притисок и б олка во пределот на носот и челото, и ако воспалението е проследено со бактериска инфекција, симптомите се влошуваат, а состојбата станува поком-плицирана доколку навремено не се започне со третман.

Потребни состојки: ½ чаша вода, ¼ чаша јаболкова киселина, 1 лажица мед, 1 лажица лут црвен пипер, сок од 1 лимон.

Постапка: Водата зовријте ја, додајте јаболкова киселина и почекајте да излади на собна температура. Откако ќе излади, додајте го медот и лутиот црвен пипер, а на крај и сокот од еден исцеден лимон. За најдобри резултати, испијте ја оваа смеса (поделена на две дози) на празен стомак пред појадок и навечер пред спиење.

Лук

Aнтибиотските способности на ова растение помагаат во решавање на проблемот со синусите. За многу затнат нос, земете едно чешне лук, па ставете го близу до носот и вдишете го мирисот.

Втор начин: Ставете 4 чаши вода во тенџере, а потоа додајте неколку мелени чешниња лук и варете додека да зоврие водата. После тоа, тргнете од оган и оставете да се излади. Пијте го овој пијалак во текот на денот и очекувајте дека ќе ви биде полесно.

Домашна супа

Топлите пијалаци особено се препорачуваат кога стра-дат од синузитис, а супата е одлично решение. Најдобро е да се направи блага пилешка супа, со што повеќе зеленчук.

Scott Feldstein / Flickr.com

Зачинета храна

Зачинета храна ги отвора синусите. Лути пиперки, црн пипер, сол, ѓумбир или куркума може да ви помогнат да го исчистите носот доколку има некоја пречка. Често кон-сумирајте ѓумбир. Може да го пиете во форма на чај, со мед или цимет, да го користите во вашата исхрана или да го јадете суров со мед. Куркумата исто така се препорачува во форма на топол пијалак и како зачин.

Рен

Обидете се да најдете свеж корен од рен, а потоа прелијте го со вински оцет и чувајте го на собна температура до 10 дена со повремено протресување. По изминатото време, вдишувајте од тинктурата по неколку пати на ден.

Исто така и овој начин е многу корисен. Потопете крпа во истата течност и ставете ја близу до главата за да го вдишувате мирисот во текот на ноќта. Можете да изрендате свеж корен од рен, а потоа ставете го во литар вода и варете додека да зоврие водата, а потоа правете инхалација.

Кромид

Кога дишните патишта се блокирани, исечете поголема главица кромид на половина, а потоа ставете ја покрај главата и преспијте близу неа. Испарувањето на кромидот ги отвора дишните патишта.

Нане

Можете да користите лисја од нане за олеснување на синузитисот. Протријте ги низ рацете, а потоа ставете ги во пределот на слепоочниците и на челото. Можете исто така да натопите газа или крпа со топол чај од нане и да држите се додека облогата да се излади.

Мед

Медот има антиинфламаторно дејство и неговата кон-сумација треба да се зголеми за време на оваа состојба. Направете мешавина од 1 мала чаша мед, 1 мала чаша сок од лимон, 5 – 7 глави ротквица, 1 мала главица црвен кромид и 6 чешниња лук.

Зеленчукот прво исечкајте го, па додајте го во блендер, а потоа додајте го медот и сокот од лимон,блендирајте додека да се соедини, а потоа чувајте ја смесата во фрижидер. Возрасните земаат 2 (или повеќе) лажици на ден, а децата 1 лажица. Подобрување се забележува во првите 24 часа.

Цитрусни овошја

Покрај витаминот Ц, тие исто така ќе ви обезбедат миризливи испарувања од кората која ги одзатнува затнатите синуси. Јадете што повеќе портокали, бидејќи научниците докажуваат дека луѓето кои јадат барем еден портокал на ден имаат значително помал ризик од развој на синузитис.

Коприва

Копривата може да се користи на различни начини и е подеднакво корисна. Пијте ја како топол чај, тинктура или додајте ја во исхраната. Коприва ги намалува симптомите на воспаление, како што се насолзени очи или главоболки. Копривата исто така го подобрува имунитетот и помага во ослободување на секретите од носот. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска