Kога поминувате низ т eшки моменти, сетете се на овие зборови: 8 драгоцени лекции на познатиот психолог, Џордан Питерсон. Џордан Питерсон е канадски професор по психологија на универзитетот во Торонто.




Со текот на годините, се стекнал со огромна публика со своите извонредни предавања, но сепак, овие негови мудри мисли, можете да ги слушнете и вие на неговиот јутјуб канал како и емисиите каде што гостувал во некоја телевизија.




Темата на неговите предавања е секогаш разновидна. Од една страна, најпознати се оние предавања за острата критика на постмодернизмот, а од друга страна, тој се обраќа на младите гледачи и ги советува како да преземат одговорност за својот живот и да се носат со многу проблеми, кои ги носи животот.




Доколку некогаш ве совладаат т ешките моменти, сетете се на овие зборови и извлечете поука. Добриот разум во овие моменти може да биде клучен за остварување на среќен живот.

Секогаш бидете исправени, со исправени рамења, во буквална смисла 

Кога стоиме исправено и со зафрлени рамења се лачи поголема к оличина на серотонин, што директно влијае врз нашата одлучност и доследност при постигнувањето на некоја цел. Доколку имате слика од личноста која сакате да станете, однесувајте се како таа личност. Секогаш правете го она што ве прави посилни.




Секогаш однесувајте се спрема себеси како што би се однесувале кон личноста која најмногу ја сакате

Доколку некој ги знае сите наши мани и грешки, тоа сме ние самите. Последица од тоа знаење, потсвесно ни причинува помала грижа за сопствената личност. Џордан Питерсон вели низ шега дека познава луѓе што попрво би купиле лек за нивното куче, отколку за самите себе.




Правете им го на другите она што сакате и вас да ви го прават, и обратното ќе се случи. Подобрувањето и грижата за себеси е должност која може да има големо влијание, не само врз поединецот туку и врз семејството и општеството.




Спријателувајте се со луѓе кои ви посакуваат сè најдобро

Добриот пријател искрено ви посакува напредок кој сакате да го постигнете. Тој не ви прави лице и посакува да имате мир и среќа, како што има и тој. Луѓето кои ги прифакаат по-роците и останатото самодес-труктивно однесување се л оши пријатели кои ве влечат на дното.




Споредувајте се себеси со вас самите кои сте биле вчера, а не со некоја сосем друга личност

Оваа статија сака да посочи дека вие самите треба да си бидете единствената конкуренција, а секој ден да бидете се подобри и подобри. Во животот среќаваме неверојатен број на луѓе, а шансите дека некој поединец е подобар од нас во некој поглед се многу големи.




Споредувањето со другите луѓе не е продуктивно и води кон огор-ченост. Секој ден прашувајте се себеси што може да направите денес за да станете подобрата верзија на себеси. Знаете, малите чекорчиња значат многу, а придонесуваат за голем чекор.

Средете си ја сопствената куќа пред да го критикувате светот

Питерсон смета дека префрлањето на сопствените грешки на колективно ниво предизвикува огор-ченост спрема светот и го запоставува вистинскиот и личен напредок. Поставете си себеси темел, сопствена подлога во која ќе стоите – во спротивно, некој друг ќе го направи тоа за вас.




Водете се кон нешто значајно, а не секогаш корисно

Секогаш барајте нешто значајно, не се стремете да постигнете корист од тоа. Понекогаш отворањето на срцето може да сплоти повеќе души. Никогаш не барајте површна среќа.

Говорете ја вистината или барем не л ажете

Доколку сакате да бидете добар човек, започнете да говорите работи кои се вистински, не сте ги измислиле вие, и не верувате во нив. Говорете ја вистината и ќе забележите како ќе се чувствувате подобро и постабилно. Л агите го чинат човекот слаб.




Говорете прецизно

Идејата за слободен говор, според Питерсон има големо значење. За него како и многу психолози пред него, за да бидеме свесни за нешто, мора да му дадеме некакво значење. Мора да постои одреден збор специјално кој ќе ве потсетува само на тоа.

Тогаш нејасноста произлегува од сопствениот хаос. Така што, доколку сме во тежок однос со некој, таа т ешкотија ја чувствуваме физиолошки сè додека да ја именуваме. Кога ќе го дефинираме сопствениот проблем, главно автоматски и го решаваме.