Во народната медицина Драгољуб се користи за болести на бубрези, уринарни патишта, болести на косата и темето на главата, црниот дроб и жолчката… Направете си сами тинктура за прочистување на белите дробови.

Лазе Бубе или латинче, како што уште се нарекува оваа билка со прекрасни портокалови цветови, е докажано средство во народната медицина. Обично се сади заедно со друг зеленчук или овошје, бидејќи ги штити другите билки од разни болести.

Оваа билка порано многу се користела во исхраната, но во последно време е подзаборавена, иако е многу похранлива од компирот. Кај народот најчесто се приготвуваат тинктури против опаѓање на косата, оние што знаат сè уште ја користат во разни салати и јадења, за приготвување облози и лечење на разни кожни заболувања, очни заболувања. Постои и еден рецепт за воден екстракт за кој се тврди дека го уништува ракот.

Лази бубе или Латинка (лат. Tropaeolum majus) е еден од најсилните природни антибиотици. Лекува астма, бронхитис, болести на бубрези, уринарни патишта, шеќерна болест. Оваа билка не само што е убава и вкусна, туку е исклучително и лековита.

Лази бубе е едногодишна зељеста билка со потекло од Јужна Америка, каде пред се’ се користела за лекување на рани и спречување на инфекции. Во Европа е донесена во 16 век како лек, но и како украсно цвеќе. Сака топли осончени места.

Позната е по имињата: лази бубе, латинче, латинка, драгомиљ, голем драгољуб, ползавица, млатифа и др.

Листовите се речиси тркалезни, на долги дршки, а цветовите се крупни со впечатлива жолтопортокалова боја, прошарани со цвени линии. Плодот е сув, се дели на три дела, а во секој дел има по едно семе. Цвета летно време. Се користат свежиот лист и зрелото семе.

Содржи сулфурен хетерозид гликотропеолозид и ензим мирозин под чие дејство, во присуство на вода, овој хетерозид се разложува на бензил-изотиоцијанид, кисел калиум-сулфат и гликоза. Содржи и смола, пектин, гума, танини, разни шеќери и многу витамин Ц.

Латинката одамна се користи во народната медицина. Таа е најсилните природни антибиотици, а делува и антифунгицидно, антисептички, антибактериски, како диуретик и лаксатив. За таа цел се користат тинктура и свежо исцеден сок од билката.

Меѓу украсните, лековити и зачински билки кои се сеат заедно со зеленчукот и овошјето, спаѓа и Лази бубе, бидејќи ги заштитува другите билки на тој начин што создава фитоницидни материи кои ги уништуваат бројни микроорганизми, ги бркаат штетниците и предизвикувачи на болести.

Ги истерува вошките, белата мушичка и пеперугата зелкарка, па затоа е добро да се сади во овоштарници и покрај зелка. На ист начин делува како и другите билки кои имаат сулфурни хетерозиди, како што се ренот и ротквицата.

Сè повеќе се користи како витаминска салата која поради богатството од витамини треба да се јаде секојдневно или да се пие сок (10-15 г дневно), исцеден од свежи листови.

Во народната медицина е докажано дека може да се користи за лекување на: болести на респираторниот тракт: астма, бронхитис, тврдокорна слуз, воспалителни состојби, кашлица, настинки, грип, емфизем на бели дробови. Помага кај бронхијална астма и исфрлање на слузта: тинктура од цела билка, без корен.

РЕЦЕПТ: На секои 100 мл 96% медицински алкохол се става една лажица иситнета билка. Теглата или шишето се остава затворено да отстои 6-8 денови на собна температура. Потоа се процедува и се консумира по една лажичка, 2-3 пати дневно, разредено со малку вода.

ЛЕКУВА: болести на бубрези, мочни канали (инфекции и воспленија), застој на урина, болест на коса и теме на глава; болести на кожа, за испирање на разни кожни повреди, изгореници, осип; болести на црн дроб и жолчно кесе, слаба функција и слабо лачење; воспалителни болести на око

СЕ КОРИСТИ за регулирање на мен-струација; шеќерни болести; за јакнење на по-лов нагон кај мажи; некои билкари тврдат дека лекува рак

Лази бубе содржи сулфурно масло кое е многу корисно за тешко воспалителни болести на белите дробови и исфрлање на застојана слуз. Се консумира во облик на алкохолна тинктура трипати дневно по мала лажичка, разредено со малку вода. Ја враќа животната снага.

Секое домаќинство треба да си ја има оваа билка, па дури и оние кои живеат во стан и немаат градина, бидејќи може да се одгледува на тераса и во соба покрај прозор (зимно време). Како и сите други билки богати со сулфурни хетерозиди и витамин Ц, лази бубе има големо значење како превентивно средство бидејќи уништува многу заразни микроорганизми.

Во лековити цели се користи и неговото семе: 5 до 10 г семе ситно се толчи, се додава вода и после два часа се пие со некој овошен сок.

Иако свежите листови и цветови се најлековити, сепак може да се консумираат и суви ако веднаш после берењето ги исушите на топло, под сенка.

ТИНКТУРА ПРОТИВ ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА

Потребни состојки; 100 г свеж лист Латинка (лази бубе) 100 г свежа коприва, 100 г лист од зеленика и 500 мл ал-кохол

Сите состојки ситно исечкајте ги, прелијте ги со алкохол, затворете и оставете да отстои 15 денови на собна температура. Секој ден протресувајте го шишето или теглата. Потоа процедете низ газа. Еднаш дневно, во текот на три седмици, тинктурата втривајте ја во кожата на главата со помош на мека четка. После еден чај исплакнете со млака вода.

ВИТАМИНСКА САЛАТА: лист и цвет од Лази бубе, лимонов сок и сол. Ситно исечкајте го листот, малку посолете, додадете лимонов сок по вкус и промешајте.

БАЊА ЗА КОЖНИ БОЛЕСТИ И СЕДЕЧКИ БАЊИ ЗА ЖЕНСКИ БОЛЕСТИ

Во поголема количина зовриена вода се ставаат неколку грстови од билката и после 15-тина минути се користи како бања.

ЧАЈ ЗА КОЖНИ И ОЧНИ БОЛЕСТИ

1 чајна лажичка лист се прелива со 200 мл врела вода, се поклопува и после половина час се процедува. Се пие 2-3 шолји во текот ан денот. Истиот ќај може да се користи за облога и за испирање.

ВОДЕН ЕКСТРАКТ ПРОТИВ РАК

Потребни состојки: 200 г цела билка кога е во цвет (без корен) и 1 литар вода

Постапка: билката се мие, се сечка ситно и се прелива со вода (на собна температура). Се поклопува и после 12 часови добро се истискува во цедалка и се процедува. Се консумира 1-3 лажици во текот на денот, со малку вода или чај. Има сосем малку горчлив вкус. Листовите имаат горчлив вкус а цветовите имаат слаткаст вкус.