Стигна летото, освежете се!
Малината (Rubus idaeus) е повеќегодишно самонико растение кое расте на надморска височина од 400 до 800 м. Има зељесто стебло, бели цветови со долги дршки и црвени плодови со пријатен мирис и вкус. За приготвување на лек се берат плодовите и листовите на малината, а во кулинарството може да се приготви сок, сируп, џем или некоја друга слатка.
Во грчката митологија пишува дека малината му го спасила животот на богот Зевс бидејќи мајка му го спасила зад грмушката на оваа билка, за да не го убие татко му. Римјаните први ја одгледувале малината во Европа, а во средниот век можеле да си ја дозволат само богатите луѓе. Во Северна Америка, Индијанците ја одгледувале многу порано од доаѓањето на Европјаните.
Малината е застапена во Европа, Азија, Африка, Северна и Јужна Америка, а Русија е земја која најмногу ја произведува.
РЕЦЕПТ
Сокот од малини може да се приготви на повеќе начини, а рецептот кој ќе го прочитате овде е е ден од најздравите бидејќи во него не се додава шеќер. Се приготвува многу брзо и едноставно, а притоа ќе извалкате многу малку садови.
Потребни состојки:
3 кг малини
3 лимони
1 ½ -2 литри вода
Постапка:
Потрудете се да пронајдете што позрели малини кои добро ќе ги измиете и елиминирате зелените или мувлосаните делови. Ставете ги во подлабок сад за готвење и изгмечете ги за да пуштат сок. Лимоните добро измијте ги, не ги лупете, туку исечкајте ги на кругови и додадете ги на малините. Мешавината прелијте ја со вода и оставете ја на тивок оган додека да проврие.
Кога ќе проврие, потребно е сокот да излади за да можете да го процедете низ цедалка и газа. Процедениот сок складирајте го во чисти стаклени шишиња и херметички затворете ги. Шишињата ставете ги во поголем и подлабок сад за готвење во кој ќе ставете вода до врв на шишињата. Шишињата извадете ги од садот, избришете ги и почекајте сокот да излади. Чувајте ги во замрзнувач.
Напомена: Во сокот можете да додадете мед, интегрален шеќер или некој друг засладувач. За освежувачки вкус ставете неколку коцки мраз.