Со подготовка и правилно планирање, тоа што сте свртени кон север, не мора веќе да претставува проблем.

Дворовите, градините и терасите кои се свртени кон јужна страна се во огромна предност кога станува збор за количество на сончева светлина, па затоа куќите и становите што се свртени кон оваа страна се најбараните, односно најпродаваните.

Меѓутоа, поседување на дом со градина која е свртена кон север не мора задолжително да значи и загро-зување на убавата и бујна вегетација. Навистина има безброј растенија кои многу успешно можат да бујат и непречено да се развиваат во такви услови.

Со добра подготовка и план, и малку одвоено време за едукација, може многу да се направи за билките кои напредуваат во средина со малку сонце. Ќе добиете бујна градина на изненадувачки лесен начин. Потребно е да обратите внимание на овие 7 работи:

I КОЛИЧИНА НА СВЕТЛИНА

Важно е да се разбере видот на сенката која го опфаќа вашиот двор за да утврдите што можете најдобро да направите од него. Некои градини на пример, се отворени кон небото, но немаат директна сончева светлина, а други пак, имаат длабока сенка поради некои густо дрва со раскошни крошни.

Постојат билки билки кои успеваат во ладна сенка и со оглед на тоа треба да побарате такви и ги засадите складно вашите услови во дворот. Некои видови на папрат успеваат токму под сенка и може да цвета дури и без сонце.

II МАКСИМАЛНО ИСКОРИСТЕТЕ ГО СВЕТЛОТО

Сите непотребни препреки кои го спречуваат продирањето на сончевата светлина мора да се отстранат, вклучително и некои стари исушени дрва или дрва со пребујни крошни или некои стари градби кои само зафаќаат простор а не се функционални.

Дополнително растеретете ги крошните од непотребните листови и гранки и на тој начин дозволете му на сонцето да продре во вашата градина.

III СОЗДАДЕТЕ ПОВЕЌЕ СВЕТЛИНА

Ако на вашата градина и недостига доста светлина, тогаш обидете се да создадете сопствена светлина со помош на неколку паметни трикови. Постојат паметни начини за создавање на „лажна“ светлина во дворот. Еден популарен метод е вклучување на рибник или езерце/мини базентче.

Од водата ќе се рефлектира светлината и ќе се зголеми осветленоста. За поевтина опција некои луѓе се одлучуваат за поставување на големи огледала со кои дополнително ќе се зголеми рефлектираната светлина.

IV ОДБЕРЕТЕ БИЛКИ КОИ УСПЕВААТ ВО СЕНКА

Важно е да се разбере дека различни билки имаат различни потреби и сите не успеваат подеднакво на исти услови. На некои им е потребна голема сончева светлина и успеваат во суви услови. Други пак, напредуваат само на сенка и на влажни места. Овие вториве се совршени за дворовите со поглед кон север.

Постојат и цвеќиња кои бујно цветаат без разлика на тоа што до нив тешко допира сончева светлина. Доколку имате градина која е свртена кон север, одберете вакви цвеќиња кои одлично напредуваат и во услови со ограничена светлина.

V ЗБОГАТЕТЕ ЈА ПОЧВАТА

Помогнете им на билките поуспешно да напредуваат така што ќе ја оплемените почвата. Додајте арско ѓубриво и квалитетна земја.

VI РАЗМИСЛЕТЕ ЗА ДОБРА НЕГА НА ТРЕВНИКОТ

На повеќето треви им е потребна голема количина на сончева светлина, а без неа може да пораснат и да бидат склони кон болести. Затоа, потребна е дополнителна грижа за да не се проретчи тревникот, да не овене или да не биде узурпиран од поагре-сивни билки. Тревата мора редовно да се прихранува за да и се даде сила и не смее пречесто да се коси.

VII ОДГЛЕДУВАЈТЕ ЗАЧИНСКИ БИЛКИ

Иако медитеранските билки речиси сите сакаат многу сонце, постојат и голем број билки кои успеваат во полусенка, како што се власецот, коријандерот, магдоносот и руколата.

5 балконски цвеќиња кои се најлесни за одржување

Ништо не го разубавува балконот или терасата како што тоа го прават цвеќињата. Со своите разновид и живи бои го подигаат располежението и делуваат смирувачки. Иако со задоволство би имале само орхидеи на балконот, сепак би сакале поевтина и полесно издржлива варијанта. За да ви помогнеме во изборот и одржувањето, ви предлагаме 5 видови кои секогаш успеваат:

Невен

Во каква земја и да ги посадите, ќе успеат. Траат цело лето, а ги има во нијанси на жолта и портокалова боја. Невенот најдобро расте во полусенка, со витаминска прихрана и со редовно отстранување на прецветаните цветови.

Гераниуми

Уште едно отпорно цвеќе кое изгледа нежно. За раст му треба сонце, но не многу силно. Важно е да се дохранува и чисти од прецветаните цветови. Бара редовно полевање.

Петунии

Веројатно најпознатото балконско цвеќе чии бои се впечатливи и прекрасни. Потребна е полусенка и додаток хумус. Заради нежните цветови, мора да се внимава од провев и ветар. Во вториот дел од летото билката може да ја поткастрите на 20 сантиметри над земјата, добро да ја прихраните и повторно ќе процвета во есен.

Љубичици

Постојат многу видови и сорти кои се разликуваат само по бојата и големината на цветот. Одржувањето е исто – било каква почва и било какво место. Единствено им пречат високи температури.

Бегонии

На овие бујни цветови потребна им е шарена сенка или малку благо сонце, заедно со прихрана за посвеж изглед.