Одличен совет како кинеската билка на парите подобро и побујно да расте – овој трик на градинарите проверено функционира, а толку е едноставен, како и сите генијални досетки кои досега сме ги објавиле.
Кинеската билка на парите се верува дека привлекува благосостојба, но сепак, како и сите други билки, така и оваа бара соодветни услови за раст и развој. Во продолжение на текстот ќе прочитате како да ја негувате зимно време.
Собните билки кои привлекуваат пари се многу убав украс за домот, а ви го даваат оној „магичен“ тропски впечаток и свежина во просторот. Со правилно негување ова цвеќе, кога тоа добро се развива, се верува дека привлекува среќа и благосостојба за сите во домот. Меѓу нив, најпозната е кинеската билка на парите.
Ричард Чешир е професионален градинар и секогаш има одлични совети за билките. Овојпат тој откри како правилно се негува токму кинеската билка на парите за да може таа да биде бујна и здрава во текот на зимата.
Знаеме дека премногу светлост може да ја исуши, но што да правиме зимно време кога нема премногу светлина и не сме сигурни колку треба да ја полеваме. „Ако билката на парите пречесто за полевате, ќе и пожолтат листовите, па поради тоа ќе си помислите дека цвеќето се суши, па вие ќе додадете уште вода“, предупредува тој.
„Тоа е погрешно, зимно време треба поретко да се полева. Прихрана додавајте најмногу еднаш месечно, а билката треба да се полева само кога ќе забележите дека земјата е целосно сува“, советува професионалниот градинар.
Уште еден трик, особено ако билката ја држите во близина на прозорецот, односно во близина на светлост: повремено вртете ја саксијата. Билката која постојано „гледа“ во иста насока, од едната страна ќе добива повеќе светлина, а од другата помалку.
Затоа, саксијата треба да ја вртите за неколку степени на секои неколку денови. Кинеската билка на парите најмногу успева во услови на средна осветленост, па не ја изложувајте на директно силно сонце. Нека биде во просторија која добива природно светло, но не баш директно на сончевите зраци“, советуваше тој.