Размислување на читателка: „Човекот е зрел кога ќе престане да ги об-винува своите родители за неговите недостатоци. Во раното детство, родителите играат исклучително важна улога во животот на нивното дете. Нивните постапки одредуваат многу за понатамошното однесување и карактерот на детето.
Колку веруваме во себеси, во другите и животот воопшто, до некоја мера зависи од постапките на нашите родители. Колку ќе се сакаме и почитуваме себеси, колку љубов веруваме дека заслужуваме, колку ќе бидеме независни, колку сме способни за бли-скост и емпатија, со колкава верба ќе чекориме низ животот.. Сето тоа зависи од нашите родители.
Точно е дека р аните години се многу важни за формирање на личноста и карактерот на детето, но детството не е судбина врежана во камен. Родителите се тие што ни го подариле ж ивотот, оние преку чија љубов сме дошле на овој cвет.
Родителите направиле најдобро, како што знаеле и умееле и ни подариле љубов и истата ни ја покажале како што знаеле и умееле. Можеби некои татковци биле премногу cтроги, а имале премалку пофални зборови за своите деца, додека пак, мајката сакајќи да ве заштити, премногу ве „гy-шела“ и контролирала во секојдневните работи.
Секој родител прави грешки, повеќе или помалку, почесто или поретко. Подоцна можеме да ги користиме овие „грешки“ како изговор за нашите неуспеси, а исто така можеме да ги искористиме за да стекнеме некои важни животни вештини со нивно исправање, пoдобрување и унапредување.
За еден човек може да се каже дека еволуирал и созреал тогаш кога ќе престане да ги об-винува своите родители и ќе научи да го цени она што го добил од нив, и наместо тоа, она што го добил од нив и што не му било пружено сам ќе си го стекне.
Додека сме мали деца, ние навистина сме зависни од нашите родители и навистина и исклучиво зависи од нив дали ќе прежи-вееме или не.
Но, како возрасни луѓе, ние самите сме одговорни да го живееме животот најдобро што можеме, користејќи ги сите ресурси што ги имаме на располагање. Разделбата, или одвојувањето од родителите, често се споменува во литературата за пси-хотерапија како состојба на зрелост.
Да се биде возрасен значи да се работи независно и одговорно. Но, тоа не значи негирање на фактот дека, без оглед на возраста, ние сме засекогаш вpзани за нашите родители.
Оваа вpcка не е прекината, само нејзиниот квалитет се менува. Значи, потребно е да се редефинираат од-нocите и улогите. Од одговорни родители и зависно дете, до родители кои ја завршиле својата работа и сега имаат возрасно дете.
Многу корисна и моќна вежба е да направите список на сè што сте добиле од вашите родители (карактеристики, материјални работи, убави моменти, животни лекции).
Кажете им го тоа на вашите родители во реалноста или кажете си го на глас самите na себе.
Вториот дел од вежбата е да направите список на сè што не сте добиле, а сте го посакувале, но секогаш со предлози за решенија – „Што е тоа што можам сега, како возрасен, да го направам за да добијам / променам?“