Ловоровите ливчиња најчесто се употребуваат суви и цели, односно како зачин кој на јадењата им дава специфична арома. Се користат при подготвувањето на најразлични рецепти, како чорби, супи, риба, различни тавчиња итн. Исто така, позната е употребата на крупните зрна од црн пипер и ловоровите ливчиња кај ферментираната храна (зимници).
Исто така, во нивната сува форма, тие се употребуваат за подготовка на чај, додека свежите листови се употребуваат и за добивање на есенцијално масло од ловор. Ова есенцијално масло потоа се користи во козметичката индустрија, за подготовка на сапуни, парфеми итн.
Богат е со витамини од групата Б (рибофлавин, пиридоксин, ниацин и пантотенска киселина) кои придонесуваат за подобро функционирање на нервниот и мускулниот систем, има позитивно влијание врз метаболизмот, хормоналниот статус, а ловорот содржи многу минерали како калиум, бакар, манган, калциум , селен, железо, магнезиум и цинк.
Ловоровиот чај се користи во лекување на болести на органите за варење, анорексија, губење на апетит, дијабетес, кардиоваскуларни нарушувања, како и за дезинфекција на области за заштита од вируси, грип, настинки и разни други микроби.
Ловоровиот лист има седативно дејство и се користи во случај на нервоза, напнатост и несоница. Исто така, ловоровиот лист може да биде многу корисен во третманот на гихт и ревматизам, а есенцијалното масло од ловор успешно се користи во третманот на заболување на лимфните јазли затоа што го зајакнува имунитетот. Доволно е да го протриете ловоровиот лист на кожата на грлото за да се ослободите од непријатноста.
Чај од кромид и ловоров лист – го олеснува искашлувањето и ги прочистува дишните патишта, делува за 3 дена
Чај од кромид и ловоров лист против кашлица – белодробните крила ќе ви бидат чисти за 3 дена. Проверен природен лек кој се подготвува за помалку од 15 минути. Овој чај ја раз-бива слузта за само 3 дена и помага за полесно искашлување.
Кромидот и ловоровиот лист ги чистат бронхиите и белите дробови. Исто така, ја ублажуваат б олката во грлото. Чајот се подготвува многу лесно, а веројатно состојките ги имате дома па може уште веднаш да го подготвите чајот.
Превентивно делува и кај бронхијалната астма. Во комбинација со ловоровиот лист, лековитите ефекти се зголемуваат за петпати. Овој чај е одличен и за дијабетичари.
Кромидот е богат извор на хром, реткиот минерал кој им помага на клетките соодветно да реагираат на нивоата на инсулин во кр-вта. На тој начин го олеснува дејството на инсулинот и го контролира нивото на шеќер.
Само една шолја од овој чај обезбедува 20% од дневните потреби на овој минерал. Овој чај е одличен и за висок притисок. Го намалува високиот притисок на тој начин што ги олабавува кр-вните садови.
Чајот од кромид и ловоров лист е одлична превенција за анемија и лекување на истата. Има важна улога во производството на еритроцити, црвени кр-вни зрнца. За лекување на анемија, чајот треба да се комбинира со домашен мед.
Доколку секое утро го пиете овој чај, б олките во грлото ќе исчезнат за многу кратко време. Овој чај го смирува воспаленото грло, во комбинација со мед. Важно е да го пиете голтка по голтка чајот и да го држите во уста неколку секунди пред да голтнете.
Чајот од кромид помага и при уринарните инфекции. Доколку чувствувате пец-кање при мокрење, веднаш подгответе го овој чај. Има антибактериско дејство и ги уни-штува бактериите во урината. Веднаш ќе почувствувате олеснување.
Чајот од кромид го препорачува и познатиот австриски д-р Рудолф Бројс. Овој чај се споменува неговата книга, наменета за лекување на рак по природен пат. Прво го препишувал лекот за астма и бронхитис, а подоцна го вклучил и во терапијата на рак.
Потребни состојки: 1 помала главица кромид, 1 поголем ловоров лист (може и 2), 300 мл вода, 1 лажички мед. Секогаш бирајте органски кромид, произведен во позната средина, непрскан.
Постапка: Најпрво исечете ги краевите на кромидот, а потоа пресечете го на четвртини. Користете ја и лушпата на кромидот, доколку е органски. Лушпата од кромидот е богата со кверцетин, моќен антиоксиданс кој спречува ширење на болестите.
Лушпата изобилува и со витамин Ц кој го забрзува лекувањето на кашлицата, вирусот и настинката. Кромидот треба да се готви заедно со се лушпата. Потоа во ѓезве или тенџере ставете 300 мл вода и почекајте водата да зоврие.
Откога водата ќе зоврие, во неа додајте го исечканиот лук со се лушпата, а потоа додајте еден до два ловорови лисја. Овој чај е одличен и за долгогодишни пу-ша-чи и за оние кои ст-ра-даат од бронхитис.
Ловоровиот лист во комбинација со кромидот и медот прави совршена комбинација која е многу лековита, а се подготвува многу едноставно и брзо. Оставете чајот да се готви 10 минути на умерена температура со повремено мешање со дрвена лажица.
По изминатото време, тргнете од шпорет, поклопете и оставете да отстои уште 15 минути. Процедете во шолја и додајте 2 лажички мед. Сварениот кромид не го фрлајте и искористете го во ручекот во комбинација со компир или како прилог. Одговара на секој ручек. Добро промешајте го чајот и испијте го чајот веднаш. Слободно дозирајте го чајот двапати во текот на денот, наутро и навечер пред спиење.
Кај посериозни респираторни заболувања се препорачува чајот да го подготвите на овој начин:
Во сад ставете половина литар вода и 150 г шеќер, оставете да зоврие и додајте 10 ловорови лисја, а потоа варете на тивок оган уште 30 минути. По изминатото време, процедете го чајот и пијте го незасладен по потреба.
Ловоров сируп за кашлица, кој ќе ве изненади со својот пријатен и благ вкус, што честопати не е случај со другите рецепти за оваа намена – рецепт
Потребни состојки: 6 ловорови лисја, 250 мл вода, 6 лажици кафеав шеќер, 1 лимон со средна големина.
Подготовка: Зовријте ја водата во соодветно тенџере, а потоа додајте ги ловоровите лисја и варете го чајот 6 – 10 минути поклопен со капак. Процедете го чајот и претурете го во чаша. Додајте кафеав шеќер и исцедете го лимонот во чајот. Промешајте ги сите состојки и почекајте шеќерот да се растопи во чајот.
Кон-сумирајте 2-3 лажички на ден од сирупот. Ова е сосем соодветна доза, доволно за ублажување на непријатноста на кашлицата и исфрлање на слузта. Чувајте го ловоровиот сируп во фрижидер и можете да го користите во наредните 3 дена, а потоа е пожелно да направите нова тура од сирупот. Во случај на силна настинка, земете дополнително парче ловоров лист и џвакајте го. Оваа техниика исто така ќе ја ублажи непријатната сува кашлица.
Ловоров лист за исфрлање на вишокот сол од телото – рецепт
Ловоровиот лист има повеќенаменска употреба и е многу корисен за лекување на целиот спектар на здравствени проблеми. За исфрлање на вишокот сол од телото, подгответе напивка од ловоров лист на овој начин.
Исечкајте 2-3 ловорови лисја на ситни делови, вечерта пред легнување. Истурете 300 мл вода и варете во тенџере во наредните 5 минути откога ќе зоврие водата. Претурете ја течноста во термос (за да остане топло преку целата ноќ) и затворете со капак.
Наутро, процедете ја течноста од шишето во чаша и распоредете го пијалакот во текот на денот. Пијте во мали голтки, во никој случај не пијте ја целата количина одеднаш. По седум дена, повторете го овој третман.
Ако овој чај ви предизвика често мокрење, не грижете се. Ова е добар знак дека ловоровиот лист започнал да ги раствора солите во организмот, па затоа е зголемена потребата за во тоалет. Вистинските резултати од овој третман ќе бидат видливи само по неколку денови, кога ќе се чувствувате многу полесно, а болката целосно ќе исчезне. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска