Дали можеме да го загрозиме своето здравје со употреба на туѓ сапун?
„Дали ќе се заразам со бактериите и вирусите од сите оние кои пред мене се измиле со овој сапун?“, ова прашање сигурно некогаш ви поминало низ глава во некој јавен тоалет или слична просторија која не е ваша, а здогледате сапун за миење раце. Експертите нè уверуваат дека не треба многу да се грижиме.
Меѓутоа, „најстрогата“ струдија која се занимавала со ова прашање била направена во далечната 1965 година. Во неа научниците спровеле низа експерименти во кои намерно биле заразувани дланките со повеќе од пет милиони бактерии. И тоа сите биле сериозни бактерии, како ешерихија коли.
После изложување на бактериите, научниците ги измиле рацете со сапун, а потоа, истиот тој сапун (станува збор за тврд сапун) му го дале на друго лице за да ги измие рацете. Откриле дека на тој начин бактериите не се пренесуваат врз друг корисник.
„Нивото на бактерии кои можат да се појават врз сапунот, дури и во екстремни услови на користење, не претставува опасност по здравјето“ – нагласиле тие.
Овие податоци ги потврдило и следното истражување спроведено во 1988 година кое го нарачале произведувачи на сапун. Тие парчињата сапун ги „заразиле“ со патогени бактерии, во овој случај со Е.коли и псевдомони, а 16 испитаници ги измиле рацете со таковиот сапун.
После миењето, кај ниеден од испитаниците не биле детектирани бактерии на рацете. Заклучиле дека постои „само мал ризик во рутинското миење на раце со претходно користен сапун“.
Студиите кои после тоа повремено биле спроведувани за оваа проблематика, пронашле присутност на бактерии врз сапуните, но ниедна не покажала дека токму тој сапун е извор на инфекција.
Напротив, неодамнешните студии и натаму ја потврдуваат способноста на едно едноставно парче сапун да ја победи инфекцијата, па дури и во текот на големи епидемии како оние на ебола вирусот.
Затоа, со право се поставува прашањето, дали е подобро да се користи течен сапун или оној во цврста состојба?
Уште од 80-тите години на минатиот век научниците се занимаваат со разни противречности кои се однесуваат на ова прашање. Многу несогласувања се воделе околу бројот на пронајдените бактерии врз површината на сапунот или садот во кој се наоѓа оној течниот.
Меѓутоа, и натаму клучното прашање не е дали се присутни бактериите (бидејќи да, тие се присутни), туку дали тие претставуваат ризик од инфекции.
Центрите за контрола и превенција од болести сметаат дека миењето на раце е првата и најважната линија на одбраната од инфекции, па го поддржуваат и течниот сапун и оној тврдиот.
Единствената грешка која можете да ја направите е од страв за да не се заразете (кој е неоснован страв) да не ги измиете своите раце. Па дури и доколку на располагање го имате оној тврдиот сапун а не се наоѓа во вашата бања.