Ревматска треска е акутна, мултисистемска болест во посредство на имунолошкиот систем. Болеста се јавува неколку седмици после воспаление на ждрелото предизвикано од β-хемолитички стрептококи од групата А.

Ревматската грозница е компликација на стрептококната ангина, бактериско воспаление на ждрелото од стрептококи од групата А, а може да се спречи со примена на антибиотик 9 дена по појавата на ангина.

Ревматската грозница кај децата е честа болест, но денес се среќава главно во неразвиените земји. Најчесто заболуваат деца на возраст од 5 до 15 години.

СТРЕПТОКОКИНА АНГИНА – БАКТЕРИСКА ИНФЕКЦИЈА НА ЖДРЕЛОТО

Акутно воспаление на ждрелото предизвикано од β-хемолитични стрептококи од групата А (BHSA) се нарекува стрептококна ангина. Болеста се пренесува преку капки, прашина, контаминирани предмети и храна.

Воспалено ждрело е многу честа инфекција кај децата на возраст од 5 до 15 години. Често се јавува во есенските и зимските месеци.

Инкубацијата на болеста (од зараза до појава на болест) трае од 1 до 4 денови.

Симптоми на стрептококна ангина:

Појава на нагла и силна болка во грлото

Отежнато голтање (дисфагија)

Ретко присутни други респираторни симптоми како течење од нос, засипнатост,

коњуктивитис (причинителите се најчесто вируси),

Висока температура

Треска

Општа слабост

Главоболка

Кај децата често: повраќање, мачнина, болка во стомакот

Ждрелото е жаркоцрвено со сивожолта содржина на тонзилите. Зголемени се лимфните чворови на вратот.

Дијагноза се поставува со брис од ждрело и засадување на бактеријата во култура.

Болеста е самоизлечива за 7 дена, но правовремената примена на антибиотици (во првите 9 дена од болеста) спречува појава на ревматска треска. Поради правилна примена на антибиотиците во лекување на оваа болест, ревматската треска во развиените земји речиси и не се појавува.

Најдобар избор за антибиотик е пеницилин V (на пр.Silapen), перорално 10 дена. Може да се даде и комбинација од амоксицилин и клавулонска киселина (на пр.Klavocin).

Ако пациентот е алергичен на пеницилин се дава azotromicin (на пр. Sumamed)​

ПРИЧИНА ЗА РЕВМАТСКА ТРЕСКА

Имунолошкиот систем се бори против бактериите со создавање на специфични антитела. Се смета дека оваа болест е предизвикана од антитела против стрептококниот протеин М кои започнуваат да ги напаѓаат и човековите клетки (вкрстена реакција на антителата).

Ревматската треска не е инфекција, тоа е воспална реакција на инфекцијата која погодува многу делови од телото (мултисистемска) како што се срцето, зглобовите и кожата.

Лошата исхрана и состојба на исцрпеност го зголемуваат ризикот од појава на ревматска треска.

Ревматската треска кај деца и возрасни е поретка во развиените земји поради широката примена на антибиотици во лекувањето на стрептококната инфекција во рана фаза.​

Зачестеност на болеста во нелекуваната стрептококна ангина е 0,4 до 3%.​

Кај пациентите кои прележале акутна ревматска треска, зачестеност на повторување на болеста во нелекувана стрептококна ангина изнесува и до 50%. Затоа е важна долготрајната примена на антистрокни антотици и пред инфекцијата (профилакса).

РЕВМАТСКА ТРЕСКА – СИМПТОМИ:

Ревматската грозница е системска болест која најчесто ги зафаќа срцето, зглобовите, кожата и поретко мозокот и другите органи.

Првите симптоми на ревматската треска се јавуваат 10 дена до 6 седмици после воспалението на ждрелото предизвикано од стрептококи од групата А.

Ревматската треска кај децата може да има само еден симптом или повеќе. Првите симптоми најчесто се висока температура и болки во зглобовите кои често се губат за време од 2 седмици.

Може да се јават и неспецифични симптоми:

Губиток на апетитот

Губиток на телесна тежина

Треска

Потење

СИМПТОМИ НА БОЛЕСТ НА СРЦЕТО

Ревматската грозница кај 50% од заболените предизвикува воспаление на трите слоја на срцето (ендокард, миокард, перикард) – панкардитис:

Ендокардитис – воспалението најчесто се појавува на срцевите залистоци, митрален и аортален. Се создаваат мали групи фибрин кои ја оневозможуваат функцијата на залистоците.

Миокардитис – акутно воспление на срцевиот мускул. Во миокардот доаѓаат воспалителни клетки, лимфоцити и макрофаги кои создаваат грануломатозни лезии познати под името Aschoff – ови телца. Нивното присуство е типичен знак за ревматска болест.

Перикардитис – акутно воспаление на перикардот доведува до акумулирање на воспалителни клетки и создавање на фибрин што предизвикува болка во градниот кош.

Акутно воспаление на срцето – ревматски кардитис се манифестира со:

Тахикардија (забрзано чукање на срцето)

Аритмија (неправилен ритам на срцето)

Ендокардијални шумови (кои лекарот ги слуша со стетоскоп)

Перикардијална треска

Болки во градите

Неправилна работа на срцето.

Опишаните промени во миокардот и перикардот не оставаат последици. Воспалението на срцето се губи постепено, обично за 5 месеци. Сепак, ендокардијалните промени може неповратно да ги оштетат срцевите залистоци.

ПОСЛЕДИЦИ ОД РЕВМАТСКА ТРЕСКА: РЕВМАТСКА БОЛЕСТ НА СРЦЕТО

Најтешка последица од ревматска треска е болест на срцето.

Ревматската болест на срцето е хронична болест на срцето која се јавува како последица од воспаление на залистоците во текот на ревматската треска.

Во текот на годините, залистоците се деформираат и предизвикуваат стеноза или инсуфициенција на митралниот односно аортниот слив.

Стеноза претставува стеснување, а инсуфициенција на залистоците претставува регургитација – пропуштање на крвта во спротивна насока од нормалната.

При оштетување на залистоците настанува карактеристичен ШУМ НА СРЦЕТО.

Со стареење, ревматската болест на срцето предизвикува атријална фибрилација (абнормален срцев ритам) или може да предизвика затајување на срцето.

СИМПТОМИ ЗА БОЛЕСТИ НА ЗГЛОБОВИТЕ

Воспаление на зглобовите (артритис) се појавува кај повеќе од 90% од пациентите со ревматска грозница. Ревматскиот артритис најчесто ги зафаќа големите зглобови на екстремитетите.​

Воспалението често се сели од еден зглоб на друг „миграторен артритис“. Кога болката во еден зглоб ќе попушти, се јавува во другиот зглоб.

СИМПТОМИ на ревматски артритис:

Болка во зглобот и на најнежен допир

Отечен и црвен зглоб

Топол зглоб

Најчесто се зафатени: глуждовите, колената, лактите и рачните зглобови.​

Ревматскиот артритис не предизвикува хронични промени. Ревматската грозница не остава последици на зглобовите.

Воспаление на зглобовите се лекува со противвоспалителни лекови (нестероидни противвоспалителни лекови NSAID) – ацетилсалицилна киселина (аспирин), ибупрофен, кетопрофен. На децата никако да не им се дава аспирин!!​

СИМПТОМИ ЗА БОЛЕСТИ НА КОЖАТА:

Во текот на ревматската треска, на кожата се појавува црвен осип по телото и рацете и нозете. Средиштето на црвените промени избледува, па осипот се нарекува лат: erythema marginatum.

Осипот трае кратко време, некогаш помалку и од еден ден.

Под некои црвенкасти места се јавуваат и чворчиња во поткожното ткиво, лат. erythema nodosum. Тие чворчиња се највпечатливи над екстензорните тетиви од зглобовите на рацете, лактите, глуждовите и колената.

10% од пациентите развиваат чворчиња кои се безболни и исчезнуваат без лекување.

СИМПТОМИ ЗА БОЛЕСТИ НА МОЗОКОТ

Постепено може да се јават црволики неконтролирани движења (Sydenhamova koreja). Типични, брзи, бесцелни и спорадични движења кои се јавуваат во текот на спиењето.​

На лицето често се јавуваат гримаси.

Во благи случаи детето изгледа само неспретно, но може да има и потешкотии во облекувањето, во хранењето или играњето.​

Болеста постепено се губи после 4 месеци, но понекогаш трае и до 8 месеци.​

РЕВМАТСКА ГРОЗНИЦА – ДИЈАГНОЗА

Дијагнозата се поставува врз основа на карактеристична крвна слика.

Крвен наод кој покажува воспаление.​

Забрзана седиментација на еритроцитите (SE)

Зголемување на бројот на белите крвни клетки ( леукоцитоза),

Зголемување на Ц-реактивниот протеин (CRP).

Со серолошко испитување може да се откријат антитела на стрептокока (имуноглобулини).

Ако се сомневаме на воспаление на срцето – кардитис, се прави ЕКГ и ултразвук на срцето.

​РЕВМАТСКА ТРЕСКА – ЛЕКУВАЊЕ

Најдобар начин за лекување на оваа болест е превенција, т.е. спречување на појава на болеста.

Ако имате симптоми на стрептококна ангина, јадете добро и посетете лекар да ви даде антибиотик.

Пеницилин во текот на 9 денови од инфекцијата со бета-хемолитични стрептококи од групата А, спречува појава на ревматска треска.​

Дете кое има ревматска треска ќе добие инјекција со пеницилин за да се елиминира секоја преостаната инфекција.

Нестероидни противвоспалителни лекови (NSAID), на пр. ибупрофен се дава во високи дози за да се намали воспалението и болките.

Ако воспалението на срцето е тешко, се даваат и кортикостероиди, на пр. Преднизон.

Важно е да се ограничат физичките активности на детето кои би можеле да му ја влошат состојбата во воспалените органи. Болниот мора да омора во кревет!​

ПОСЛЕДИЦИ ОД РЕВМАТСКА ГРОЗНИЦА

Освен споменатите ревматски болести на срцето, оние кои прележале ревматска треска може да имаат дополнителни потешкотии во животот.

Ако се оштетени срцевите залистоци постои ризик од ендокардитис (воспаление на срцевите залистоци) и при најмалите операции на пр. вадење на заби. Во текот на таквите зафати би требало однапред да се заштитите со антибиотици (профилакса ендокардитис).

Децата кои прележале ревматска грозница еднаш месечно добиваат пеницилин интрамускуларно за да не се врати болеста (секундарна профилакса на ревматска треска).