Дали знаете зошто оревот е отровен и зошто не смеете да го садите во близина на куќата? Прочитајте во продолжение на текстот многу интересни информации поврзани со садењето и одгледувањето на ова дрво кое од повеќе аспекти е многу важно за човекот.
Спаѓа во групата овошки со јаткасти плодови. Оревот е плод со висока биолошка вредност и дефицитарен е на домашниот и светскиот пазар. Најмногу се одгледува во Индија, Кина, Манџурија, а потоа во пределите кои се протегаат од Хималаите до Сибир на Кавказ, во Европа, Јужна и Северна Америка.
Значи, оревот најмногу успева во умерено-топли области каде редовно дава плодови, а го има и на далечниот Север каде формира само вегетативни органи. Покрај бројните корисни особини кои ги поседува оревот (лековитите рецепти се најдолу во текстот), сепак во понатамошниот текст прочитајте и за неговите негативни особини.
Уште од многу одамна, нашите предци оревот го сметале за депре-сивно дрво и верувале дека најмногу не-сре-ќи се случувале под него. Иако денес многумина би рекле дека таквото сфаќање е засновано на чисто суеве-рие, современите истражувања сепак, укажуваат на одредени мани на оваа билка.
За што станува збор? Оревот содржи хемикалија која се нарекува хидројуглон кој се излачува од коренот во тлото. Оваа хемикалија се содржи и во листот и другите делови на оревот, во гранчињата, кората, цветот и лушпата на плодот. Хемикалијата инаку не е отровна, но кога ќе дојде во допир со кислородот таа оксидира во високоток-сичен југлон.
Чувствителните билки кои се одгледувани во близина на оревот, поради тоа венеат, жолтеат или воопшто не напредуваат во растот, бидејќи југлонот им го спречува дотокот на потребната енергија за метаболичка активност. Од сето претходно кажаното, треба да се запамти:
Не го садете оревот во близина на куќата. Освен што ја спречува сончевата светлина, оревот има и силен корен кој честопати се случува да го подигне бетонот околу и под куќата. Експертите советуваат дека оревот не треба да се сади ниту близу паркинг, ниту близу куќа поради темелите.
Имено, неговиот корен оди и до пет метри во длабочина. Што може да се одгледува под оревот, а што не може? Исто така, треба да се знае дека во близина на орев може да се одгледуваат билки кои не се чувствителни на југлон, односно, да се одбегнува да се сее и сади оние кои се чувствителни.
Зеленчук кој е чувствителен на југлон: домати, пиперки, компир, патлиџан, зелка, аспарагус, рабарбара. Цвеќе: петунии, нарцис, хризантема, хортензија, лилјан, азалеа, билки од фамилијата Ericaceae, Potentilla spp. Стебла: јаболко, круша, вишна, капина, боровинка, бел бор, црвен бор.
Билки кои не се толку чувствителни: пченка, грав, кромид, репка, морков, тиквички, винова лоза, праска, кајсија, цреша, слива, јапонски јавор, невен и др. Аво веќе мора да одгледувате во близина на орев, тогаш најдобро е да користите високи гредички. Важно е да се осигура добра дренажа и да се отстрануваат листовите и другите делови на оревот од гредичките.
ОДГЛЕДУВАЊЕ НА ОРЕВОТ ВО МЕШОВИТИ ЗАСАДИ. Со оглед на тоа што голем број сорти ореви се садат на големи растојанија, голема површина од земјиштето останува неискористена во подолг временски период. Од Франција потекнува една иницијатива за комбинирано одгледување на исти сорти калемени на обичен и црн орев.
Сортите што се калемени на обичен орев се садат на растојание од 12х12 м, а на црниот 6х6 м помеѓу редовите и во редот. Бидејќи сортите на црниот орев живеат 25-30 години, после тој период се вадат и остануваат само сортите што се калемени на обичен орев, чиј век е значително подолг.
Кораќ (1985) препорачува одгледување на кајсии како подкултура во засадите со ореви со 400 стебла по хектар. Освен кајсии, во засадите со орев може да се одгледува и праска која практично целиот свој животен век може да го постигне како подкултура.
Постојат податоци дека на индивидуални засади со ореви се одгледуваат и сливи. Подкултури може да бидат вишните или лешникот. Може да се одгледуваат и јагодести овошни врсти – малини, капини, јагоди, рибизли, меѓутоа мора да се води сметка, истите да не бидат преблиску до стеблата.
ПРОЧИТАЈТЕ И ЗА ЛЕКОВИТИТЕ СВОЈСТВА НА ОРЕВОТ – Оревот води потекло од Персија (Иран). Според производството, во светот е на 11. место и е најзначајната јаткаста овошка. Според вкупното производство на ореви, Европа ги надминува останатите континенти, а САД се најголемиот производител на плодови од орев на светот.
Оревот е јаткаст плод со пријатен вкус и е мошне хранлив. Плодот е обвиткан со лушпа што пука и го ослободува дури во втората половина на септември. Има долг рок на траење. Плодот на оревот односно јатката содржи: масло 55-67%, вода 3,4%, белковини 18-25%, шеќер 13-16%.
Витамин Ц најмногу содржат младите недозреани ореви (плодови)- околу 1.700 мг аскорбинска киселина, но со созревањето содржината се намалува. Сувото јадро содржи 30 мг витамин Ц, потоа 0,03-0,05 мг витамин Б1, како и нешто помалку витамини А, Б2, ПП и други.
Енергетската вредност на јадрото на оревот изнесува околу 2.600 џули. Лековитоста на оревот е мошне голема. Се користи против грчеви во желудникот и цревните болести, против ревма, катар на желудникот и цревата, воспаление на очите, хронична егзема,
Потоа, загадени ра-ни, потење на нозете, за јакнење на косата, јакнење на организмот, хемороиди, воспаление на тенкото црево, за смирување, против потење и др. Во терапијата се користат листот, млада лушпа од плод, зелен и зрел плод, јатка, младо гранче.
За јакнење на организмот: Млади оревчиња со големина на лешник (околу 40 парчиња) се ставаат во 1 кг мед, како “слатко” за послужување. По 40 дена стоење се зема по еден плод со мед 3 пати дневно. Посебно се препорачува за слабок-рвни (анемични) и за послаби и бледи лица;
Против ревма: 10 лажици оревов лист се прелива со 1 литар нерафинирано маслиново масло и се остава на топло 30 до 35 дена, со повремено протресување (2 до 3 пати дневно). Со вака подготвеното масло се мачкаат болните места;
Против шеќерна болест и жолтица: 5 лажици исушено и иситнето оревово лисје се ставаат во 1 литар бело вино, се остава да отстои 24 часа, а потоа се процедува и се складира во стерилно стаклено шише. Се пие по една мала чашка наутро на гладно и навечер пред спиење;
Против анемија (малокрвност). Рецепт А: три лажици иситнето оревово лисје и зелени млади оревчиња се ставаат во 1 литар лута ра-кија, се затвора и се чува на топло место 20 дена, со често протресување, а потоа се процедува и се пие по една мала чаша пред јадење (појадок, ручек и вечера);
Рецепт Б: млади зелени оревчиња (2 чаши по 200 мл) се ставаат во 1,5 кг мед, се затвора теглата и се чува на топло 20 дена, со често протресување, а потоа се зема по една лажица пред јадење (појадок, ручек, вечера);
Против проширени вени: Добро да се измијат свежи лисја од орев, да се просушат, а потоа малку да се изгмечат меѓу раце за да омекнат и да ги испуштат соковите, да се намачкаат со мед, а потоа да се обложат врз проширените вени и да се фиксираат со завој.