Сите што се родени и живееле во тоа време знаат дека воздухот тогаш беше почист и храната поздрава. Кога некој во својот двор ќе пресечеше лубеница, цело соседство замирисуваше на нејзината свежина, пишува НМД.мк




Доматите и пиперките беа повкусни и мирисаа оддалеку. Сè беше поинаку…честопати со носталгија се сеќаваат луѓето од таа генерација. Неодамна големо внимание привлече една стара фотографија од 70-тите на минатиот век, каде се гледаат мноштво луѓе на плажа или шеталиште. Ова се некои од коментарите на луѓето под фотографијата:




„Не само што храната беше поздрава, туку немаше про-пагирање за дебелината како да е нешто нормално. „Плус-сајз“ манекенки – такво нешто не постоеше. Некогаш беше срамота ако си дебел, а сега се третира како да е нормално и се говори само од здравствен аспект, па дури ни за тоа“ – гласи една од реакциите со кои се вперува прст на современиот начин на исхрана, и современото гледиште на работите, воопшто.




На фотографијата се гледаат луѓе кои шетаат во костими за капење и летни фустани, а има само двајца „облечени“ мажи кои очигледно биле принудени да бидат во деловни панталони и кошула, пишува НМД.мк. А, коментарот на Ивана е следен: „Интересна фотографија од 70-тите на која никој не е дебел!“

Ова беше темата околу која се отвори дискусија на Твитер, па се поставија прашања како: “Што се случи изминативе 50 години? Зошто денес не е вака?“ А некои и се пошегуваа па искоментираа: „Дебелите луѓе не одеа на море во 70-тите години“.




Д-р Олга Личина, доктор по медицина и клинички нутриционист, објасни што ги условило примените во животните навики и дали е точно дека денес има поголем број луѓе со прекумерна телесна тежина.




„Немаме точно ажурирани податоци, но според податоците од Светската здравствена организација, секој петти човек има вишок к илограми. Забележан е трендот за пораст на бројот на луѓето кои имаат здравствени проблеми токму поради вишокот к илограми.




Причината која сите ги интересира, за тоа зошто на фотографијата од 70-тите години нема дебели луѓе, е затоа што во тоа време немаше развиен ланец на брза храна. Денес на секој чекор ви е достапен некаков вид на храна – од ресторани, преку пекарници, бурекчилници, па сè до брза храна за која не чекате ниту пет минути, објаснува нутриционистот.




Според д-р Олга Личина, проблемот започнува уште во бременоста, а продолжува по раѓањето на детето. Според истражувањата, д-р Олга наведува дека мајките сè помалку ги дојат својат деца и тие уште многу мали започнуваат да добиваат вишок т ежина. Не се внимава ниту на одбегнување на шеќерот и слатките со кои се претрупуваат децата уште од најмала возраст.




Една од темите за кои се разви дискусија под оваа фотографија, е дали промовирањето на „плус-сајз“ манекенките и облините, воедно даде и своевиден легитимитет да се сметаат вишокот к илограми за здрав начин на живеење.




„Ако размислуваме здраворазумски, јасно е дека сите ние не можеме да изгледаме исто, поради различната градба и конституцијата на телото. Но, доколку вишокот к илограми доведуваат до здравствени пречки, тогаш тоа е веќе проблем.




Постои и друга крајност, лица кои пак, претерано одат во теретана и користат вештачки протеини кои можат да делуваат како моментално добро решение, но прашање е што ќе се случи со нивните бубрези и црниот дроб во иднина.

Можам да кажам дека во последната деценија има сè поголем број луѓе кои се заинтересирани за поздрав начин на исхрана и бараат алтернатива за нездравите на-вики“, заклучува д-р Олга Личина.