Пишува Лола: „Седев и гледав во мојот телефон, а моите деца во близина си играа. Помина една жена покрај мене и извика „Каква мајка си ти!“, а тоа предизвика да ја подигнам главата и да ја погледнам во очи. Да, забелешката се однесуваше на мене, за тоа каква мајка сум јас. Епа, еве да и одговорам на жената и на сите останати со слично мислење:




Не секогаш и не нон-стоп, но ете, се случува да седнам на клупа и одговарам на некоја порака или мејл што ме чека од вчера. Понекогаш погледнувам што има ново на Фејсбук. И сето тоа го правам додека моите деца од две и четири години си играат без мене, во моја близина. Каква (не) мајка.




Само, следниот пат кога ќе ме видите како седам и разговарам со друга мајка или гледам во телефонот, размислете за овие неколку работи. Јас сум, исто така, мајка која цел ден е со своите деца. И мајка која се труди секој ден да јадат варен и свеж зеленчук, да имаат по две овошни ужини и да јадат малку или воопшто да не јадат индустриска храна.




Јас сум, исто така, мајка која од жена која оди на работа преку ден се претвора во домаќинка и сопруга која одговара на мејловите дури после полноќ, бидејќи тогаш ги завршува сите други работи и обврски околу домот, децата и сопругот.




Јас сум, исто така, мајка која секој ден поминува меѓу три и четири часа во паркот, бидејќи знам колку е важно децата да бидат надвор, на чист воздух. Исто така, јас сум мајката која никогаш, НИКОГАШ не дозволила да помине ден (или легнување) без да им прочита приказна или сликовница на своите деца.




Се разбира, честопати со помош на тато. Но исто така, јас сум и мајката која последен пат добро се наспала преку цела ноќ некаде пред повеќе од четири години. Но, јас сум, исто така, мајка која многупати го изгубила тpпението, подвикнувала и кога детето можеби со своето однесување само го барало моето внимание.




Јас сум и онаа мајка која знае да го земе далечинскиот управувач за да си пуштам некоја серија за да го опyштам мозокот кога работите ќе станат неподнocливи. Или кога едноставно сакам да испијам кафе на мир. И да, јас сум, исто така, мајка која во паркчето некогаш ќе седне, ќе го извади мобилниот телефон додека децата си трчкаат, следејќи ги подоко.




И знаете што? Без лажна скромност, ама моите деца често се најсреќните деца во паркот меѓу своите врсници! Самоштојно нишање? И двајцата ги совладаа нишалките уште пред да наполнат две години. Возење со тротинет? И многу други подвизи…




На две години, без никаков проблем, со мало застанување на моето срце кое одлично се обидов да го прикријам, бидејќи не сакав да го забележат мојот страв и тоа да ги попречи во нивните подвизи, тие успеаја многу работи.




И сето тоа, затоа што не им без зад петите и да им велам: „немој ова, немој она, сè уште си мал за тоа“. Не е точно дека не ги гледам дури и кога „гледам“ во мојот телефон, само сакам тие да веруваат дека не се постојано под мој надзор.

Дететото можеш да го посматраш, но не смееш да му застанеш на неговиот пат. Колку поскоро ќе го сметаш за човек, толку поскоро тоа ќе стане човек!