Врелиот чај во ладните зимски денови може да загрее и окрепи, меѓутоа, ретко кој знае дека таквиот може да предизвика поголема штета отколку корист. И оваа, но и други течности, велат експертите, во организмот треба да се внесуваат кога се млаки, односно подносливо топли.
Ова е така, бидејќи врелината може да ја изиритираслузокожата, а кога таа ќе се оштету, микроорганизмите им се отвора полесен пат за да продрат во нашиот организам. Слузокожата е првата бариера која не штити од надворешните влијанија и затоа треба да се грижиме за нејзиното здравје.
НАЈДОБАР Е МЛАКИОТ ЧАЈ. Иако топлиот билен чај има благотворно дејство по организмот и наизглед му годи на грлото кога сме настинати, сепак лекарите се држат до ставот дека оваа, како и другите течности не треба да ги внесуваме додека нивната температура е значително повисока од температурата на нашето тело.
-Сите течности, како и храната, најдобро е да ги внесуваме кога се млаки, бидејќи врелината ја иритира слузокожата и со тоа ја нарушува физиолошката бариера која нè штити од микроорганизмите – вели за еКлиника лекар по општа пракса д-р Драгољуб Бјелановиќ.
СЛУЗОКОЖАТА НÈ ЧУВА ОД ИНФЕКЦИИ. Според неговите зборови, кога ткивото на слузокожата е неоштетено, бактериите, вирусите, па и габичките потешко ја разбиваат оваа “бариера”.
-Ако слузокожата се инфламира, односно ако е воспалена, секој микроорганизам полесно преминува во меѓуклеточниот (интрацелуларен) простор. Потоа се врзува за рецепторите на нашите клетки, продира во самите клетки, се размножува, а потоа и ја деградира клетката-домаќин.
На тој начин го инфицира ткивото – објаснува д-р Бјелановиќ. Внесот на течностите е од голема важност во текот на настинките и помага да не дојде до дехидратација, а особено кога телесната температура е покачена или пак кога постоја гастроинтестинални проблеми.
Но, лекарите советуваат сè што ќе внесеме во нашиот организам да биде со умерена топлина. Па така, тие советуваат дека пиењето на врел чај е заблуда и дека не треба се попаруваме со течностите, особено не со чаевите кои ги внесуваме во лековити цели.
Особена заблуда претставува, вели д-р Бјелановиќ, мислењето дека треба чајот да се пие додека е врел, посебно кога нè боли грлото. Врелината дури може да ја зголеми болката во грлото. како кога врз кожата ќе спуштите нешто врело, ефектот е ист и со грлото.
Се нарушува епителот на слузокожата, нејзиното површинско ткиво, па микроорганизмите полесно продираат низ него – наведува докторот и додава дека честото консумирање на врели напитоци може да доведе до сериозни проблеми и последици:
-Со уништувањето на слузокожата на хранопроводникот може да дојде до појава на преканцерозни лезии, што понатаму би можело да доведе до појава на рак на хранопроводникот, предупредува докторот и советува: “Нека си останат бактериите таму каде што им е местото”.
Иста е ситуацијата и со желудникот. Врелината во желудникот ги шири кр-вните садови, па можно е да се случат ситни кр-вавења што организмот го прави подложен на инфекции. “Ние имаме многу голем број бактерии во устата. Па затоа се смета дека човекот има еден од најот-ровните гризнувања”.
Понатаму д-р Бјелановиќ објаснува и дека тоа е една од причините што слузокожата на устата мора да ја одржуваме во оптимална состојба, бидејќи продирањето во другите ткива од оние бактерии на кои таму не им е местото, би можело да има сериозни последици.
НЕ ТРЕБА ВРЕЛО, АМА НИТУ ЛАДНО. како што советува докторот, сите течности, па и храната, треба да достигнат собна температура пред да ги внесеме во својот организам. Истото важи и за ладните пијалаци: може да ги внесуваме, но не директно од фрижидер, а врелите пак, од претходно наведените причини, апсолутно не се препорачуваат.