Психологот Џен Неш тврди дека мама и тато се виновни за вашиот вишок килограми. Следете ги петте правила и ослободете се од навиките кои ве спречуваат да ослабете.
Луѓето честопати не се свесни колку од правилата за исхрана и однесување на масата при јадењето ги наследиле од своите родители. Честопати тие правила, како што се забрана за оставање на храна (остатоци, последно залче), може да бидат причина за прекумерна тежина или проблеми кои се појавуваат при промена во начинот на исхраната, што се случува кога сакате да се придржувате кон некоја диета.
Клучниот тригер за посегањето по храна е гладта, но начинот на кој јадеме и изборот на храна во чинијата се длабоко вкоренети во нас, а последиците се навиките кои ги имаме уште од раното детство – објаснува д-р Џен Неш, клинички психолог.
-Било каков вид на искушение се смета за негативно, па така и искушението поврзано за храната е всушност Ахиловата пета кај луѓето кои се обидуваат да ослабат. Средбата со омилената храна може да биде неодолива – пишува д-р Неш.
-Луѓето често велат “немам сила и волја кога станува збор за храна”, а јас тоа го сметам за голема лага на чија основа луѓето се извлекуваат и си дозволуваат нешто за што се свесни дека по нив ќе има лоши последици – објаснува д-р Неш.
-Сите човечки суштества покажуваат волја во други животни полиња (не крадат, одат на работа дури и кога не им се оди, потребите на своите деца ги ставаат на прво место), но на полето на храната не ја развиле потребната волја. Ситуацијата сепак не е без решение, постојат пет чекори за развој на оваа вештина која може да се научи, да се извежба и совлада на ист начин како и другите животни вештини кои ги поседуваме – тврди д-р Неш.
НАВИКА, ПРАКТИЧНОСТ И ДОСТАПНОСТ
Повеќето луѓе, особено жените и мажите кои секојдневно готват, се придржуваат до јадењата кои навикнале да ги приготвуваат и јадат во детството.
Тоа се обрасци на кои луѓето навикнале – поедноставно е од испробување на нови јадења (за нови рецепти потребно е подолго време, не се знае како ќе излезат, дали ќе бидат вкусни).
Второ од што зависат нашите прехрамбени навики е достапноста на намирниците и изборот на храната која луѓето сакаат да ја јадат.
-Готвењето на тестенини и готовиот сос е многу побрзо и поедноставно отколку сосот да го приготвувате од “нула”, според некој рецепт – пишува д-р Неш.
ВРЕДНОСТИ И ЛИЧНИ УБЕДУВАЊА
Верата, поддржувањето на одредени групи кои се грижат за околината или членството во Здружение за заштита на животни имаат големо влијание и врз изборот на храната.
Некој кој цврсто верува дека животните на фармите се измачувани, тешко дека во продавница ќе се одлучи за свински шницли. Уверенијата и вредностите исто така имаат големо влијание врз тоа колку еден човек обраќа внимание врз храната и здравјето. Луѓето кои на храната гледаат како на битна ставка во животот, честопти бираат поздрави намирници и изборите ги пренесуваат на своите деца.
ФИНАНСИСКА СИТУАЦИЈА
Состојбата во паричникот честопати е пресуден фактор при изборот на храната. Од сите делови на месечниот биџет, само буџетот за храна не е фиксен. Но, кога и овој буџет е мал, тоа не значи оправдување за да се храните нездраво – напоменува д-р Неш.
ЕМОЦИИ
Емоциите имаат големо влијание врз изборот на храната. Депресија, анксиозноста и стресот може да влијаат врз исхраната на два начини – прескокнување на оброците или јадење на храна која нè потсетува на некои поубави, помирни и посигурни денови во животот – детството.
ВКУСОВИ КОИ ГИ САКАМЕ
Оброците кои луѓето ги готват често се производ на слободно време, а не на она што го сакаат. Со вкусовите е поинаку. Вкусовите кои луѓето ги сакаат се траен избор и тоа е често храната која ја приготвуваат под директно влијание на истото.
-Вкусовите се делат на пет основни групи: солено, слатко, горчливо, луто и кисело. Вкусот на некое јадење влијае врз изборот на храната која еден човек ја јаде, но тука уште може да се вклучи и текстурата на јадењето, јачината на вкусот, мирисот, температурата и бојата, па дури и звукот кој храната го произведува за време на џвакањето. Сето тоа влијае врз изборот на храната која луѓето ја приготвуваат и јадат – објаснува д-р Неш.
Иако јадењата се состојат од комбинација на повеќе вкусови, луѓето во јадењата кои ги приготвуваат често го нагласуваат својот омилен вкус. А за телото не е исто ако јадењата кои главно ги јадете се слатки, солени, горчливи, кисели или лути.
Секој од зачините кои се користат за да се постигне одреден вкус или поинакво влијание на човековиот метаболизам.
Кога луѓето ќе изедат оброк кој ја задоволува потребата од сите пет вкусови, поголема е веројатноста дека ќе се чувствувате сито. Но, повеќето луѓе преферира само еден, одреден вкус.