Зошто ми се тријат нозете на бутовите и дали може да се ослабе овој дел?

Многумина имаат проблем со триење на нозете кое се јавува како последица од депонирање на масно ткиво, токму во овој дел на нозете.

Вишокот масти ако се разгледува во целина, е непријатна појава за секого од естетски и здравствени причини.
Ова особено е изразено кога салото се таложи на специфични, одредени места како што се препоните.

За среќа, овие поткожни масти на бутот реагираат добро на физички вежби и регулирана исхрана, но мора да знаете дека ништо не се постигнува во животот без извесно жртвување.

Затоа, за да ги зацврстите вашите бутови и да го отстраните ова непријатно масно ткиво, мора да бидете дисциплинирани со вашиот избор на животен стил.

Како што веќе ви е познато, најдобриот пристап е да комбинирате одредени вежби со здрава исхрана за губење на вишокот килограми.

Ова се многу корисни совети кои ќе ви помогнат во вашиот подвиг:

Чекор 1

Мора да направите план на исхрана со кој ќе го ограничите внесот на калории, со цел да се создаде дефицит и да се присили вашето тело да ги согори складираните масти за енергија.

Па така ќе постигнете многу побрзи резултати. Ограничувањето на калориите кај секого треба да биде индивидуално, а тоа зависи од вашите дневни потреби.

Чекор 2

Мора да имате чести но мали оброци. Ако направите големо растојание помеѓу оброците, не само што ризикувате да се прејадете, туку и ќе го успорите метаболизмот.

Но, не заборавајте дека сепак треба да има и некој разумен период помеѓу истите, зошто ако пак, постојано нешто грицкате, само ќе го оптеретите дигестивниот тракт.

Значи, обезбедете три главни оброци, и 2-3 ужини помеѓу, како што рековме, да не бидат обилни, туку помали, за да го потиснат гладот.

Чекор 3

Ова е многу важно: секојпат пред да седнете да јадете, ставете чаша вода пред вас. Испијте ја цела. 

Исто така, обезбедете голема чинија со салата, зачинета со минимално сол и маслиново масло. Не заборавајте дека и маслиновото масло содржи многу калории.

Одбегнувајте газирани пијалаци, пржена и солена храна, алкохол и бело брашно. Пијте многу вода. Ќе успеете!

Погледнете го видеото и практикувајте ги овие лесни вежби со кои ќе добиете убаво обликувани нозе:

 

Loading...