Зимница која се приготвува буквално за 10 минути, без напорно печење и лупење на пиперките

Оваа зимница од 10 минути можете во било кое време да си ја приготвувате и да си ја чувате во некој пластичен сад во фрижидер, па да си вадите по потреба, а може да си ја складирате и во тегла. За овој рецепт можете да погледнете и видео за деталите околу постапката, а подолу во текстот под видеото, можете да го прочитате  оригиналниот рецепт за овој вид на пиперки со лукче. Пробајте и сами одлучете кој рецепт ќе го примените. Вкусот е феноменален како и да ги направите.

Потребни состојки:

-сите состојки се ставаат по вкус
Лук, сол, масло, оцет, црвени пиперки

Постапка:

Десеттина црвени пиперки (колку што ви собира кога ќе се наредат врз плехот од рерна) убаво измијте ги и исчитете ги од дршката и семките (исто како за полнети пиперки).

Една главица лук исчистете и исечкајте ситно. Во еден сад ставете го сечканиот сад и додадете околу половина чаша оцет и исто толку масло, или по ваш вкус. Во друг сад ставете сол со лажиче.

Постапка: земете една пиперка, ставете во неа едно рамно лажиче сол, па пиперката ставете ја во плехот. Кога во сите пиперки ќе ставите сол, ставете ги во загреана рерна кратко да се запечат, но само колку да омекнат.

Штом забележите дека „овенале и омекнале, исклучете ги и извадете ги надвор од рерната. Кога малку ќе изладат, започнете да ги редите: во легната положба во пластичен сад за во фрижидер, или исправено за во тегла. После првиот ред пиперки ставете неколку лажички од мешавината со лукот и продолжете со истата постапка до крај. Оставете некое време да се впијат вкусовите па затворете. За скорешна употреба чувајте ги во фрижидер, а оние во теглата затворете ги и чувате ги за зимница. Целата постапка можете да ја погледнете во видеото, а под него прочитајте го оригиналниот рецепт.

ПЕЧЕНИ ПИПЕРКИ СО ЛУК ЗА ЗИМНИЦА

Веќе подолго време се обидувам да пронајдам добар рецепт, со гаранција дека пиперките нема да се расипат. Знам дека рецептите со масло не се баш најдобри бидејќи побрзо се расипуваат. Исто така, знам дека пиперките не треба да се испечат како за салата, бидејќи во допир со оцетот целосно омекнуваат и се распаќаат. Па така, мојата потрага за најдобриот рецепт малку потраја, но се испалтеше – најпосле го пронајдов!

Рецептот е многу стар и има преку 15 години и се однесува за една мера пиперки. Во рецептот се користи 3 литри алкохолна киселина, но мене ми беше прекисело, па ја преполовив оваа количина. Мерата е за 15 кг пиперки, а вие според количината што ја имате, поделете на половина или третина или пак можеби ќе удвоите.

Потребни состојки:

15 кг црвени пиперки
1,5 литар алкохолна киселина 9%
1,5 литар вода (проварена и изладена)
45 лажици шеќер
30 лажици сол
15 г конзерванс
10 г винобран
3 главици лук
2 кесички сув магдонос (14 г) или 2-3 свежи китки

Постапка:

Пиперките (меснати и тешки) измијте ги, исечете ги на половина и извадете им го семето. Печете ги на плотна, скара или во рерна, но само колку да омекнат, внимавајте да не ги препечете.

Редете ги во цедалка додека се пече втората или третата тура, па оставете ги да изладат. Повремено префрлајте од еден сад во друг, а вишкот течност исцедувајте го.

Кога пиперките ќе изладат, промешајте го оцетот, водата, солта, шеќерот, конзервансот, винобранот и магдоносот, па мешајте додека да се растопат состојките. Конзервансот нема веднаш да се растопи, туку за неколку дена, па за тоа време не треба да се консумираат пиперките.

Пиперките натопувајте ги во овој раствор и редете ги во тегли, па наросете ги со сечкан лук и полијте ги со остатокот од растворот (јас ја скратив постапката и во секоја тегла ставив малку од растворот и лук, па ги редев пиперките и на крај ги прелив со остатокот). Мене ми излегоа 17 класични тегли и ми останаа две кутлачи раствор вишок кој го фрлив. Теглите затворете ги со целофан, па со капак и оставете ги така да одмораат до зима.

Коментар на Снежана Ј:

”Jas gi pecam na 150 vo rerna el.sporet samo da omeknat (ne se lupat) i da ne pocrnat.red.piperki red celer,luk seckan,sol,potisnati vertikalno i na kraj maslo i ocet, zatvoreni i na pasterizacija vo rerna so postepeno zagrevanje na 150 okolu 35 min.i da se ostavat vo rerna”

Loading...