Здрав ОМЛЕТ со брокула, кромид и зачини

Потребни состојки:

(за 2 лица)

200 гр кратко обарена брокула

4 јајца

Loading...

1 главица кромид

Сол, црн пипер, оригано, малку млеко, масло

Постапка:

Кромидот исечкајте го на тркалца, зачинете и малку на масло пропржете го.

Јајцата изматете ги со малку млеко и прелијте ги преку кромидот.

Оставете да фати коричка, додадете одозгора брокула, и лесно превртете го омлетот, притоа внимавајќи да остане цел, во едно парче.

Loading...