УН ДИЕТА од 90 дена, го менува телото и метаболизмот, го исполнува сонот на секој човек со вишок килограми

Воведна напомена за диетата:
Стриктното придржување на оваа диета доведува до слабеење и ослободување од вишокот килограми, но доведува и до промена на метаболизмот, па изгубените килограми не се враќаат.

Диетата трае 90 дена, а доколку е потребно да ослабете помалку килограми, диетата се прекинува порано, но тогаш НЕ доаѓа до промена на метаболизмот.

УН диетата секогаш започнува со протеински ден, а потоа следи скробен, јагленохидратен, овошен ден, па повторно протеински. РЕДОСЛЕДОТ НА ДЕНОВИТЕ НЕ СМЕЕ ДА СЕ МЕНУВА.

А сега да разгледаме како практично се спроведува овој режим на исхрана.

Појадокот за сите 90 дена е ОВОШЈЕ. Се јадат два плода од едно исто овошје (или 1 банана) или еден грст суво овошје (избројте 8 парчиња, ќе бидат доволни).

УН диета – прв ден – ПРОТЕИНСКИ ДЕН

Ручек:

-месо: динстано, варено или печено (во количина од ресторанска порција, 2-3 парчиња или околу 250 г) или 3 варени или печени јајца или нешто од млечните производи па и соја.

-Леб: парче интегрален леб – Салата – во неограничени количини со максимално 1 лажица масло

-Супа: задолжително да биде без фиде (1 шолја / 300 мл) а ако се консумираат млечни производи, тогаш супата не е задолжителна, туку се пие шолја јогурт или млеко.

НАПОМЕНА: различните видови протени не се мешаат во еден оброк, но ниту во денот.

Вечера:

Исто што јадевте за ручек, но само половина од мерата за ручек и без супа и без леб. Значи ако за ручек сте јаделе месо, исто ќе јадете и за вечера.

ПРОТЕИНСКИ ДЕН намирници:

-јајца варени, пржени

-кајгана со пиперка

-сатараш со јајца

-печено месо

-гулаш со свинско месо или со пилешко месо

-пилешко на скара/грил

-ќофтиња

-филети од риба или туна цо доматен сос (риба: ослич, скуша…)

-полнети пиперки со месо

-мусака со мелено месо и тиквички

-шопска салата

-младо сирење, сирење со сусам

-соја

-внатрешни органи (џигер, бубрег..)

-морски плодови, лигњи..

УН диета – втор ден – СКРОБЕН ДЕН

За ручек:

-грав, грашок, леќа, ориз, компир – варено, единствено со додаток на зачини (сол, вегета, црн пипер, кечап, готвени домати) – полна чинија

-леб – едно парче

-салата

За вечера:

Исто како и за ручек, но половина од мерата. Вечерата е БЕЗ ЛЕБ.

СКРОБЕН ДЕН – намирници:

-компир печен, пржен, варен

-помфрит со сусам

-компир салата

-мусака со компир

-компир чорба

-пиперки полнети со компир

-ѓувеч

-ориз со печурки

-пиперки полнети со ориз

-грашок, боранија, грав, варена пченка, житарици во зрно, костени, соја, хумус, леќа, просо

УН диета – трет ден – ДЕН НА ЈАГЛЕХИДРАТИ

Ручек:

Варени тестенини со додаток од зачини – кечап или пица само со додаток на кечап или солено печиво во количина од пица во пицерија (на пример 3 кифли).

За вечера:

Две чинии парче торта или 3-4 колачи или 3-4 топки сладолед.

Задолжително: едно ребро црно чоколадо.

НАМИРНИЦИ ЗА јаглехидратен ден:

-посна проја, проја со ајвар, проја со неутрален зеленчук

-пита со кисела зелка, пита со тиква, со зеље, спанаќ, печурки, праз, киселец или пита со блитва

-макарони со печурки или со неутрален зеленчук

-шпагети во доматен сос

-пица со неутрален зеленчук

-кифли, ѓеврек, солени стапчиња, фокача

-палента, нудли

за вечера:

-торти, колачи, сладолед, палачинки, пудинг, мусли

-бисквити со млеко, сутлијаш

-мелени житарки со јаткасти плодови и шлаг

-амерички палачинки

УН диета – четврт ден – ВИТАМИНСКИ (ОВОШЕН) ДЕН

Ручек и вечера:

Само мешано овошје – колку сакате. Меѓутоа, ни зеленчукот не е исклучен, така што практично витаминскиот ден може да изгледа вака:

Појадок – како и секој ден: два плода овошје

Ручек и вечера: мешано овошје

Намирници за овошен ден:

-овошје свежо, суво, јаткасто

-печен неутален зеленчук

-чорба од неутрален зеленчук

-печена тиква

-печени јаболка

-смути од зеленчук и овошје

-пудинг од овошје

-кокос бомбици

-супа од зеленчук

ДОПОЛНИТЕЛНА НАПОМЕНА:

-После кругот од 7х4 дена, односно 29.ден се држи воден ден, односно цел ден се пие само вода.

-Задолжително после витаминскиот, а понекогаш и после водениот, се продолжува со протеински ден.

-Кафе и чај може да се пијат но без шеќер. Соковите се сведуваат на минимум.

-После ручек задолжително се зема 1 таблета која содржи дневна доза витамини и минерали.

-паузи помеѓу оброците (минимална, значи може да биде и подолго растојанието но никако помало) за првиот ден е 4 часови, а вториот и третиот е 3 часа. За време на овошниот ден паузата помеѓу оброците е два часа.

-После 8 часот навечер не смеете ништо да јадете.

Се’ што е наведено мора да се јаде бидејќи има своја улога во организмот. Овошјето е задолжително за појадок, бидејќи најбрзо дава енергија, ачоколадото третиот ден исто така, бидејќи го штити организмот од можни алергии.

Количините на храна е нешто поголема од вообичаено. Мора да бидете доследни и упорни. Може да се случи првите десет дена да не дојде до губиток на килограми, но потоа ќе започне нагло слабеење од 3-4 килограми.

После 90 дена диета, уште 90 дена за појадок се јаде овошје, додека за ручек и вечера се враќате на вообичаен начин на исхрана. Во тој период треба да се изгубат уште 3 кг, што е показател за промена на метаболизмот.

Ако не се изгубат, диетата треба да се повтори, но дури после три месеци.

ДИЕТАТА НЕ СМЕЕ ДА ПРОДОЛЖУВА ПОДОЛГО ОД 90 ДЕНА – ЕДИНСТВЕНО ПОСЛЕ ПАУЗА ОД 3 МЕСЕЦИ МОЖЕ ДА СЕ СПРОВЕДАТ НОВИ 90 ДЕНА.

Loading...