Три недели сум болна и џабе пијам лекови, од овој бабин лек одма ми помина – природно си е природно

Рецептов е испробан повеќепати и криво ми е што веднаш не се сетив на него. Секогаш помага, само не може одма како со магично стапче, туку мора неколку пати да се пие.

Ама од првото пиење веднаш се чувствувате подобро, тоа гарантирано, а колку повеќе го пиете толку подобро се чувствувате. Мене овој чај ме спаси.

Еве три недели сум веќе настината и секогаш кога сум болна прво се фаќам за апчињата. Ама кога ќе видам дека не оди… тогаш ми текнува на овој чај. Испробајте го и уверете се сами, едноставно, наместо вода го пиете овој чај. Ова е еден стар, стар рецепт.

Loading...

Велат, настинката без апчиња трае 7 дена, а со апчиња 7 дена! Значи исто ти се фаќа, ама кај мене се развлече веќе трета недела сум болна и џабе пијам лекови. Вчера и денес го пиев чајот и веќе ми е полесно и помалку кашлам, уште малку и како нова сум. Да си го направев чајов уште на почетокот, сега веќе ќе бев здрава.

Потребни состојки:

2 литри вода
1 јаболко
1 лимон
1 црвен кромид

Постапка:

Во тенџере ставете вода, па додадете добро измиено: јаболко, лимон пресечен на половина и кромид со пресечен корен.

Ставете на оган и гответе додека јаболкото да пукне и чајот да добие убава жолта боја. Ако испари многу вода, тогаш додадете уште малку.

Кога чајот ќе се свари, исцедете го лимонот што се вареше, а јас дури и го јадам јаболкото.

Чајот се пие топол и затоа е најдобро да си го ставите во термос за да не мора постојано да го подгрејувате. Брзо делува. Може да направите и двојна количина, зошто колку почесто и повеќе пиете толку ви е подобро. Јас правам помала количина и успевам додека е топло сè да испијам.


Coolinarika.com

Loading...