Сузана Манчиќ ослабела 5 кг за 8 дена, а еве како – Секое утро пиела еден напиток, се довела до совршенство

Сузана одлучила да ослабе, па раскажува како успеала за само осум денови, од 80 килограми колку што тогаш и покажувала вагата, да дојде на 75 килограми.

Таа се подложила на строга диета според која може да јаде само зелен зеленчук и да пие суплементи, а забрането и е да јаде сè што содржи шеќер, па дури и овошје.

Loading...

“Наутро секогаш го започнувам денот со топла лимонада и ќесичка суплементи кои ги содржат сите неопходни минерали и витамини. Истото го пијам и за ручек. Единствено ми е дозволено да изедам една свежа краставица.

Имав 80 килограми, а целта ми е да дојдам до 70 кг. На добар пат сум, сега вагата покажува 75 килограми”, раскажува таа.

Меѓу другото, Сузана истакнува дека вечерата и е најобилниот оброк.

“Луѓето се чудат зошто токму вечерата во текот на оваа диета е најобилниот оброк, но верувајте ми дека токму тоа функционира! Шеќери де доаѓаат во предвид, а забрането ми е дури и овошје.

Од зеленчук ми е дозволено само она што е зелено: брокула, рукола, зелена салата и спанаќ! Кадам и мали оброци риба или црвено месо. Чаеви и кафе можам да пијам во текот на целиот ден, секако без шеќер. Дозволено ми е и чаша вино, но само еднаш неделно”, раскажува таа.

Сузана вели дека и покрај тоа што оваа диета е многу строга, сепак воопшто не и повлијаела на енергијата, меѓутоа не смее да тренира ниту да трча, туку препорачана и е масажа и лесна прошетка.

Признава дека е голем гурман и дека сака сешто да јаде, но се одлучила на оваа диета кога забележала дека се поправила повеќе од 10 кг.

“Сепак јас сум телевизиско лице. Од мене се бара да изгледам добро, но да се разбереме, не сакам манекенско тело. Треба да се земат во предвид и моите години и здравје, па така, нема да претерувам со слабеењето”, изјавила.

Сега кога оди кај пријателите на вечера, си носи своја храна.

“Сите ми се смееја кога го направив тоа. Но јас сум карактер и не сакам да ги кршам правилата. Не се попуштам себеси, ниеднаш во текот на диетата не јадев месо од скара или слатки. Со тоа само ќе си ја расипам диетата”, заклучува Сузана.

Loading...