Суво грозје: за потенција, енергија, коски, заби, имунитет, дигестија

Сувото грозје може да го поттикне сексуалниот нагон, но и да помогне при срцеви заболувања, анемија, камен во бубрег…

Вметнете го сувото грозје во секојдневната исхрана

Сувото грозје можеби не делува спектакуларно, но здравствените предности кои ги нудат се огромни. Содржи многу хранливи материи и минерали кои нудат олеснување при многу физички проблеми, вклучително и гастроинатестинални тегоби, артритис, камен бо бубрег, болести на срцето, анемија и слично.

Ова се шест главни здравствени бенефити:

1.Го подобрува сексуалното здравје

Секојдневното консумирање на суво грозје го зголемува сексуалниот нагон. Ја содржи аминокиселината аргинин која помага во подигање на либидото, а со самото тоа и подобрување на сексуалниот живот.

2.Спречува рак

Сувото грозје нуди заштита од рак на дебелото црево, бидејќи содржи полифенолни антиоксиданси наречени катехини. Тие го штитат организмот од ширење на слободните радикали кои се одговорни за раст на туморите.

3.Ја подобрува дигестијата

Сувото грозје е многу богато со влакна и поради тоа помага во „чистењето“ на дигестивниот тракт. Ги чисти токсините и други видови отровни материи од гастроинтестиналниот тракт и го одржува здравјето на цревата.

4.Го подобрува здравјето на коските и забите

Сувото грозје помага во јакнење на забите и коските, бидејќи содржи калциум во големи количества. Содржи и бор кој помага во апсорпцијата на калциумот и создавање на коскена маса, што е исклучително корисно за превенција на коскени заболувања, како што е остеопорозата, особено кај жени во пост-менопауза.

5.Не снабдува со енергија

Сувото грозје е одличен извор на енергија и многу е корисен за спортисти. Исто така, може да им помогне и на оние кои сакаат да се здебелат. Сувото грозје содржи шеќери, како што се фруктоза и глукоза и даваат голема енергија.

6.Го подобрува имунитетот

Сувото грозје помага во апсорпцијата на различни хранливи материи во организмот, вклучително и витамини и протеини. На тој начин, во суштина, го подобрува општото здравје и имунитет на органзимот.

Loading...