Сусам салата за 10 минути готова – одлична за слави, прва се изедува

Рецепт и видео презентација на Милица Божиќ – Сусам салата.

Фото: Тина Илиевска

Едноставна, брза и многу вкусна слата од сусам – уште еден начин да го консумирате ова здраво семе богато со калциум.

Loading...

Потребни состојки:

100 г сусам, 250 г сечкана/рендана шунка (или по избор), 200 г рендан кашкавал по избор, 1 чаша кисела павлака од 400 г

Постапка:

Сусамот ставете го во сува тава на најсилен оган и пропржете го со постојано мешање околу 5 минути колку да малку да ожолти и да замириса.

Откако ќе излади ставете го во подлабок сад и додадете рендан кашкавал и рендана или ситно сечкана шунка по ваш избор.

Во целата смеса додадете ја киселата павлака и сите состојки убаво промешајте ги додека да добиете изедначена смеса. Пред послужување можете салатата убаво да ја изладите. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото:

Loading...