Совршен трик за лекување на проширени вени, болки во мускулите и целулит (рецепт)

Целулитот за жал е чест проблем од кој најчесто страдаат жените, па дури 90% од девојките постари од 18 години веќе имаат целулит.

Целулитот се состои од клеточен отпад, масти и вода, а најчесто се јавува на бутовите и бедрата. Потсетува на портокалова кора.

Најчести причинители за целулит се масна и пржена храна, никотин и кофеин. Бројни доктори за природно здравје укажуваат на тоа дека целулитот може да се отстрани или намали на едноставен и природен начин, со помош на здрави состојки.

Еден од најефикасните антицелулитни лекови е рузмаринот во алкохол. Оваа неверојатна билка има бројни здравствени предности, а овој лек многу лесно се приготвува.

Рузмаринот расте во градините, во шумите, а може и да се одгледува дома или да се купи во најблиската Билна аптека или продавница за здрава храна.

Рузмаринот во алкохол ќе ви помогне кај следните здравствени проблеми:

-целулит (естетски проблем)
-настинки и грип
-болки во вратот
-модринки
-проблеми со циркулација и проширени вени
-спречува губиток на коса
-Болки во мускулите, шинувања, болки во зглобови, ревматизам

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 гранче свеж рузмарин, лист и цвет ако е можно
ракија или медицински алкохол
1 тегла

Постапка:

Можете да користите и сува билка, но лекот нема да биде подеднакво силен како оној што е приготвен со свежа билка.

Билката исечкајте ја на помали парчиња, па затоа е добро да се користат неколку помали, млади врвови на кои има цвет.

Парчињата ставете ги во стаклена тегла и прелијте со алкохол до врв. Значи теглата треба да биде полна со рузмарин околу една третина или половина, а остатокот да се дополни со алкохол. Добро затворете ја теглата и оставете 15 дена на темно место. Потоа процедете и складирајте во стаклено шише обвиткано со алуминиумска фолија. Се чува на темно место.

Оваа смеса се користи за масажа на нозете. Најдобро е да се применува пред спиење за да делува преку целата ноќ.

Може исто така да се користи како облога кога постојат болки во зглобови или во мускули. Благопријатно делува ако обуете чорапи натопени во оваа ракија, а потоа ги завиткате со најлон и оставете да делува неколку часови – ги извлекува отровите од телото.

Напомена: не се користи за чистење на лице и не смее да се нанесува блиску до очите.

Loading...