Што чува дома секој Русин додека трае пандемијата? 4 состојки за челичен имунитет

Побарувачката за ѓумбир, лимон, лук и мед во Русија нагло се зголемија поради пандемијата со корона вирусот.

Тоа е најверојатно последица од традиционалното уверување во нивното благотворно дејство врз здравјето на организмот.

Исто така, овие намирници се познати и по своето лечително дејство врз речиси сите познати болести.

Loading...

Продажбата на ѓумбир од 23.март до 2.април се покачила за 136%, а просечната цена за таа намирница е поголема за 71% во однос на минатата година.

Освен ѓумбир, побарувачката за лимонот истовремено се покачи за 54%, а просечната цена е поголема за 49%.

Кога станува збор за лукот, продажбата скокнала за 6%, а цената останала на исто ниво како и минатата година.

“Мислам дека ова е привремен раст на цените, поради верувањето дека тие намирници помагаат во борбата против вирусите” – коментираше директорот на Националната Унија на производители на овошје и зеленчук, Михаил Глушков.

Многу Руси сметаат дек акоренот од ѓумбир има тераписко својство, за лукот се смета дека го јакне имунитетот, а за лимонот важи дека има големи количини на витамин Ц.

Се покачи и побарувачката за мед – во текот на 10 дена за 19%, со истовремен пораст на цените за 9%.

Глушков смета дека Русија нема да се соочи со недостиг на лук, бидејќи домашното производство покрива 8 до 10% од потребите, а остатокот се увезува од Кина.

Еве еден од лековитите рецепти на Русите:

Потребни состојки:

1 главица лук, исчистен и изрендан
1 корен од ѓумбир, излупен и изрендан
1 ракиена чаша јаболкова киселина
1 лажица мед
1 лимон – сок

Постапка:

Сите состојки ставете ги во блендер и миксајте ги една минута додека убаво да се изедначат и да се добие хомогена смеса.

Добиената смеса процедете ја, а течноста складирајте ја во стаклен сад со капак и чувајте ја во фрижидер.

Употреба:

Се консумира по 1 лажица од оваа течност пред појадок наутро и 1 лажица пред вечера, навечер. Максимално може да земете уште една лажица пред ручек, но не треба да консумирате повеќе од три лажици на ден.

Loading...