Шилец во пета- 10 народни рецепти за елиминација на болката без операција

Плантарниот фасциитис (шилец или трн во петата) претставува болно воспаление на плантарната фасција, која се протега од петата на ногата, под стапалото, па се до ножните прсти. Плантарниот фасциитис е еден од најчестите причини за болка во петите.

Плантарниот фасциитис обично предизвикува прободна и остра болка при првите неколку чекори наутро. После тоа, болката се намалува, но може да се влоши при стоење подолг временски период.

10 НАРОДНИ РЕЦЕПТИ

1.Наједноставниот начин на лекување – е секојдневно, лесно, повеќепати да тапкате со петата по подот, со што се подобрува циркулацијата во крвта и метаболизмот на калциумот.

Исто така, можете нежно да ја триете петата од тепихот со што механички се делува за зголемување на циркулацијата и се разградува петниот шилец.

2.Изрендајте црна ротквица па ставете ја во памучна чорапа која ќе ја обуете и ќе оставите да делува преку ноќта.

Наутро измијте го стапалото со топла вода. Веќе после три ноќи ќе почувствувате значително подобрување.

3.Ситно изрендајте морков па ставете го на целофан. Нанесете како облога, фиксирајте со завој и оставете да делува преку ноќта.

Ќе почувствувате слабо пецкање, но тоа значи дека делува, па мора да издржите. После повеќе вакви облоги ќе се ослободите од петниот шилец.

4.Од шилецот во петата можете да се ослободите и доколку стапалото го обмотате со алуминиумска фолија.

Ставајте ја фолијата во чорапа, под петата. Третманот трае 1 – 1,5 месец.

5.Можете да го користите и следниот рецепт: 4 иситнети таблети Аналгин и 4 таблети Аспирин добро измешајте ги со 100 мл јод.

Мешавината оставете ја да отстои 24 часа. Со оваа смеса мачкајте ја петата, и применувајте го рецептот под број 1. Тоа ќе го забрза елиминирањето на шилецот.

6.Во платнена вреќичка ставете сол, па загрејте во рерна. Топлата облога од сол ставајте ја навечер на петата, се додека да излади. Ова повторувајте го 10 дена.

7.При силни болки користете облози од компир. Измијте еден компир со кора, изрендајте го, ставете го на памучна ткаенина и нанесете како облога на петата.

Преку облогата ставете целофан за да не протекува течноста. Облозите менувајте ги почесто. Третманот трае 7-8 денови.

Втор начин: парчиња од сиров компир ставете на памучна чорапа, да бидат притиснати под петата.

8.Наберете свежи листови од тегавец па нанесете ги на болната пета, свртени со лицето. Кога листот ќе се исуши ставете нов, свежо набран. После 4 дена болките значително се намалуваат.

9.На лист од зелка ставете 1 кафена лажичка мед па нанесете како облога врз петата. Оставете да делува преку ноќта, а наутро измијте го стапалото со топла вода. Повторете 3 пати.

10.Една полна лажица мед измешајте во тегла со 50 мл јод и кафена лажичка морска сол.

Сето добро измешајте а смесата нанесете ја на памучна ткаенина. Ставете ја облогата а преку неа прицврстете целофан.

Облогата треба да делува преку цела ноќ. Наутро чекорете со оваа облога околу 15 минути, па дури тогаш отстранете ја. Оваа количина е доволна за 5 третмани.

Претходна статијаНе ги игнорирајте овие симптоми – можно е да имате проблем со жолчката и панкреасот
Следна статијаДневен хороскоп за петок 22 декември