Професорот им ја затвори устата на фалбаџиите: Жената треба да биде задоволена трипати седмично – вака

Д-р Несторовиќ ги откри тајните на добриот се-кс: За оптимално здравје на жените, неопходно е тие да имаат барем 3 орга-зми седмично!

Популарниот доктор Бранимир Несторовиќ говореше за феноменот наречен се-кс.
Зошто е толку важен и што се случува во нашиот мозок кога ќе се вљубиме, објасни д-р Бранимир Несторовиќ во емисијата “Здраво со професорот”. Како што вели тој, денес овој интимен чин најчесто погрешно се толкува.

Loading...

“Многу е жално што сек-сот се претвори во олимписка дисциплина и што денес се мери во должина, минути, траење, броење и слично. Тоа не се димензии со кои треба да се мери еден ваков чин, напротив, она што е важно, тоа е интензитетот на емоциите кои ги имате кон личноста во тој одреден момент”.

За што служи?

“Ако погледнете еволуциски, најефикасните организми на светот, како што се бактериите, вирусите, габичките… доминантните облици на Земјата, всушност се размножуваат безполово, со проста делба.

Сек-сот е феномен за луѓето и вишите облици на живот, а она што е интересно, е дека е прилично нерационален. Многу е нерационално да се потроши огромна енергија на создавање на јајце клетки, спермато-зоиди, се-кс, оплодување….

Хромозомите се делат, мајката ги дели своите хромозоми на половина, таткото исто така, а потоа повторно се соединуваат. Прилично е нејасно зошто сето тоа може да послужи.

Бидејќи се троши огромна количина на време и енергија, луѓето стануваат послабо репродуктивни” – вели д-р Несторовиќ и додава дека постојат само два вида на Земјата кои можат да бидат интимно активни секојдневно, а тоа се луѓето и бонобо мајмуните.

“Луѓето можат да имаат се-кс секој ден, а причината е многу едноставна, ние сме ниско репродуктивен вид. Постоеја различни дискусии на оваа тема и еден од одговорите кој мене посебно ми се допадна, го даде познатиот еволуционен биолог, а кој рече: “Сек-сот служи за да ни биде убаво”.

Тука има многу вистина. Освен што овој чин можеме да го исполнуваме секојдневно, постои уште една карактеристика својствена за луѓето, а тоа е чувството на задоволство. Тоа не е забележано кај животните, освен кај бонобо мајмуните”, напоменува познатиот пулмолог.

Несторовиќ го објасни феноменот на бонобо мајмуните кои ги нарече најпромис-куитетни суштества на Земјата.

“Тие непрекинато имаат се-кс во текот на денот и немаат ограничувања по прашање на полот, партнерот… Тие се потполно неагресивни. Кај нив не постои поимот насилство. Еден елемент во врска со сек-сот е многу интересен, а тоа е дека претставува лек против стресот. Во моментот на доживување на орга-зам кај жените нивото на антистресни хормони е екстремно висок и велат дека за оптимално здравје на жените е неопходно тие да имаат по три орга-зми седмично”.

Дека овој чин е благотворен и за општата состојба на организмот, сведочи и тоа што позитивно делува врз јакнењето на имунитетот.

“Втората функција е стимулација на имунолошкиот систем. Постојат студии кои докажуваат дека отсуството на се-кс значително ја намалува способноста на организмот да се избори со инфекциите”.

“Третата работа која е многу важна, е комуникацијата која се одвива помеѓу две човекови суштества, а која е неверојатно комплексна. Прво лицето ве привлекува визуелно и тој ефект е краткотраен. Потоа следи интересен феномен, а тоа е- оној што ви се допаѓа всушност го “надушувате”. Мирисот на лицето го препознаваме како “привлечен” или “непривлечен”. После надушувањето следните 0,6 секунди сте настрадале, односно сте се вљубиле.

Ако тоа е вистинската личност чиј мирис се “погодил” импулсот поминал низ мозокот во време од 0,6 секунди, а следните шест седмици сте “зомби”.

Тие кои сериозно се вљубиле стануваат еден вид “зомби”. Тие повеќе немаат мозок, само одат наоколу барајќи ја таа личност во која се вљубиле. Тој феномен трае околу 6 седмици и после тоа, како и кај секој феномен кој е условен со зголемено ниво на трансмитери во мозокот поради материите кои го менуваат неговото функционирање, ефектот почнува да бледее, па се враќате во “нормална состојба”.

А како вљубеноста понатаму се развива?

“Следи фазата која најмногу е посредувана преку осетот за допир. Преку допирот се разменуваат разноразни информации. Не е случајно што ги допираме предметите со јагодиците на прстите, бидејќи тука има најмногу нервни завршетоци, но и биофотони, светлина која ја емитува нашето тело.

Кога ќе допрете некого вие имате одредено чувство и на некој начин комуницирате. Третиот вид е директната комуникација преку потта. Секако и преку плунката и бакнежите, но размената на информации преку потта е есенцијална за комуникација помеѓу две лица. Ако сте успеале да пронајдете личност која со која “се совпаѓате”, тогаш вие ќе опстанете како пар” – вели д-р Несторовиќ.

Што се случува кај долгите врски?

“Тука се случува физиолошка синхронизација. Лицата кои се долго во брак почнуваат да комуницираат и невербално”, смета докторот и додава дека сек-сот е ефекторен механизам на нашата емотивна поврзаност со друго лице.

“Ако имате погрешна личност покрај себе, тој се-кс никогаш нема да ви причини толкаво задоволство. Повеќето луѓе кои често ги менуваат партнерите, главно се незадоволни. Затоа и ги менуваат, бидејќи се надеваат дека ќе најдат некоја личност со која ќе им биде добро. Тоа не е во ред, бидејќи ако барате партнер на тој начин, никогаш нема да го најдете. Личноста треба да ја барате како личност, а добрата интимна комуникација ќе си дојде како резултат на тоа што сте ја пронашле вистинската личност”, заклучува д-р Несторовиќ.

Loading...