Причини зошто треба да засадите ЈАСМИН: ја лекува душата и ги нормализира хормоните

Ова растение со прекрасни цветови потекнува од тропските краеви на Јужна Америка. Има околу 40 видови, а најчесто се одгледуваат 2 вариетета.

Dipladenia sanderi има розови цветови со пречник до 8 cm, a Dipladenia boliviensis има бели цветови со изразен мирис.

Уште одамна ароматерапијата се користела за намалување на вознемиреноста, напнатоста и стресот. Денес научниците постојано истражуваат како различните мириси влијаат врз здравјето на луѓето.

Најновите истражувања покажале дека мирисот на јасмин е толку моќен што може да се каже дека дејствува исто толку силно колку и седативите и апчињата за спиење.

Профефосот Ханс Хат, од Универзитетот Рур во Бохум, Германија, по спроведените истражувања открива дека со ароматерапијата се активираат посебни рецептори во мозокот кои делуваат седативно со изразено смирувачки ефект, кој би можел да се користи во лекувањето на инсомнија и анксиозност.

Мирисот на јасмин е толку моќен што дејствува исто како седативите и апчињата за спиење!

Добрата вест е што маслото од јасмин не предизвикува секундарни, негативни ефекти како депресија, вртоглавица, слабост во мускулите и нарушена координација, како што тоа го прават лековите наменети за третирање на овие тегоби.

Научниците сметаат дека мирисот на јасмин може да се користи против анксиозност, возбуда и пројава на агресија.

Освен тоа, се верува дека маслото од јасмин има и многу други позитивни ефекти врз здравјето – помага против замор, менструални болки и ги намалува симптомите на менопаузата.

Зошто треба да имате дома Јасмин:

-Ја намалува анксиозноста и нервната напнатост

-Го зголемува расположението

-Ги подобрува когнитивните перформанси и будноста

-Го подобрува квалитетот на спиењето

-Ги балансира хормоните

-Третира промени во расположението

-Го зголемува либидото

Бразилскиот јасмин е ползавец, па затоа треба да му обезбедите потпора како решетка, ѕид, греда или нешто слично. Може да порасне до 3 m.

Листовите му се со изразено зелена боја, овални со зашилен врв, кожести и растат по два долж стеблото. Цветовите се трубести најчесто розови, но може да бидат и во бела, жолта или црвена боја и траат околу две недели.

Се одгледува во градината и во топлите краеви може да презими и надвор. Со правилно орежување се одгледува и како грмушкасто собно растение.

Почнува да цвета на пролет, но најмногу цветови има во текот на жешките летни месеци. Има потреба од многу светлост, но не смее да биде изложено на директно сонце.

Полевајте го три пати седмично во текот на летото, најдобро со млака вода, а во зима доволно е еднаш седмично. Ако за кратко време порасне премногу, треба да го пресадите.

Ако му обезбедите соодветна нега ќе успеете да го сочувате и следната година. Во доцна есен пресадете го во поголема саксија и сместете го во потопол простор од надворешниот, но да не се грее. Идеално би било да го сместите во подрум.

Се размножува со резници кои откако ќе ги одрежете треба да ги потопите во топла вода. Потоа ставете ги на песок или камчиња за да се зголеми влажноста, а да не бидат во директен контакт со вода.

Loading...