После карциномот на дебело црево бевме со стома, а од лекот со бозел и карела сега сè е во ред

После карциномот на дебело црево бевме со стома а од овој лек пред три месеци ја вративме стомата

Овој рецепт ни го испрати нашата читателка Лепа Алексова и за читателите на НМД несебично ја сподели постапката за приготвување. Госпоѓата Алексова го приготвува овој лек за себеси и своите најблиски.

Loading...

“Јас го правам и на оние што им го дадов се задоволни, а резултатите им се подобруваат. Ние бевме со стома поради карцином на дебело црево, а пред три месеци ја вративме стомата. Сега сме добри и пет скенот е добар. Лекот е здравје, го споделувам за сите, тел 071302287 – Лепа Алексова”.

Потребни состојки:

4 шолји за кафе зрели бобинки од бозел
2 шолји за кафе шеќер

Постапка:

Зрели бобинки од бозел се ронат од гранчето, се мијат и се оставаат во цедалка убаво да се исцедат од водата.
Потоа во тегла од 750 мл се става ред бозел ред шеќер и се така додека да се исполни теглата. Се затвора со густ слој газа и се остава 15 дена да ферментира.

Секој ден се промешува со дрвена лажица најмалку трипати.
После 15 дена смесата е спремна за консумирање.
Се јаде секое утро на гладно по 1 кафена лажичка која треба да биде пластична.
Потребни се пет тегли да се консумираат без пауза, за цела година.
тел 071302287 – Лепа Алексова

Горчлива диња во маслиново масло – рецепт против канцер

Госпоѓата Алексова за читателите на НМД сподели рецепт кој го користи за лекување на карцином, а содржи горчлива диња. За оваа билка имаме пишувано и претходно, позната им е на постарите кои знаат лесно да ја препознаат. Оваа билка расте по напуштени дворови и ливади, самонико, но оние што ја препознаваат нејзината лековитост ја култивираат и ја одгледуваат наменски. Рецептот е едноставен и веднаш после пет дена може да се консумира. Доколку некој ја одгледува билката или ја произведува, може слободно да напише во коментар под постот.

РЕЦЕПТ на Лепа Алексова за КАРЦИНОМ

-Половина тегла со блендирана карела (горчлива диња) се меша со половина тегла ладно цедено, девствено маслиново масло. Вака се остава да отстои пет дена, по што може да почне да се консумира по една мала пластична лажичка на ден. Во меѓувреме, во текот на денот се јадат и две ливчиња руса трева (росопас, змиско млеко).

Активните состојки во горчливата диња придвижуваат механизми кои ги изгладнуваат и уништуваат канцерогените клетки.

Грочлива диња или карела, со латинко име momordica charantia е една од билките чија легендарна популарност ги оправдала научните истражувања. Оваа билка припаѓа на фамилијата тропски и суптропски лози, а расте најмногу во Азија, Африка и на Карибите.

Изворно илката потекнува од Индија, а во 14.век е пренесена во Кина од каде започнала да се шири и на другите краево од светот.
Најпозната е по својот плод, кој се смета за еден од најгорчливите плодови на светот.

Плодот од горчливата диња е шуплив на пресек, со релативно тенок слој пулпа кое го опкружува големо, рамно семе сместено во средината на плодот.
Оваа магична билка со векови се користи во азиската и афричката медицина поради низа здравствени бенефити.

Исклучително е лековита за дијабетес и спречување на растот и развојот на канцерогените клетки.

Во западната медицина горчливата диња неодамна беше откриена и веднаш го привлече вниманието на научниците поради низа позитивни ефекти врз здравјето на луѓето, особено кај малигните заболувања.

Во бројни истражувања се утврдило дека активните состојки кои се наоѓаат во сокот од горчливата диња го спречуваат метаболизмот на гликозата во канцерогените клетки и на тој начин ги изгладнуваат.

Научниците од Универзитетот Сент Луис откриле пак дека активните супстанции од оваа билка ги уништуваат клетките на ракот на дојка и спречуваат нивно размножување.

Студијата која ја спровеле научниците од Центарот за истражување на карцином, на Универзитетот во Колорадо, потврдила дека сокот од горчлива диња влијаа врз намалувањето на растот на туморот на панкреас.

Во ова истражување спроведено врз глодари, се користел сок од горчлива диња. Сокот бил користен на два начини: растворен во вода или смрзнат па сомелен во прав со кој се хранеле глодарите.

Според резултатите, после 72 часа број на канцерогениоте клетки бил намален за 90%-98% кај глодарите на кои сокот од горчлива диња им бил растворан во вода. Експерите овој резултат го сметаат за фантастичен. Кај оние што се хранеле со прав е забележано 64% намалување на туморските клетки, што е многу подобар резултат од хемотерапија.

Покрај сето тоа, сокот од горчлива диња не предизвикува штетни нуспојави по кои е позната хемотерапијата. Освен кај карцином на анкреас и дојка, утврдено е дека сокот од горчлива диња помага и кај рак на простата, бели дробови, дебело црево и дишни патишта.

Сокот спречува ширење на леукемија и неуробластоми – неуроендокрин тумор – и ги зајакнува имунолошките клеточни функции кај луѓето кои боледуваат од рак.

Нејзиното лековито делување научниците го препишуваат на гликопротеинот лектин, која оваа горчлива намирница го содржи во големи количества. Според активноста е сличен на инсулин, бидејќи ја намалува концентрацијата на глукоза во крвта и делува како имуномодулатор.

Освен наведеното делување врз канцерогените клетки, сокот од горчлива диња:

-штити од маларија
-делува антивирусно
-ублажува дигестивни пречки
-помага кај дијабетес
-овозможува слабеење, губиток на вишко килограми
-уништува цревни паразити
-забрзува зараснување на изгореници

Напомена: Консумација на сок од горчлива диња не им се препорачува на бремени и доилки.

ВО КУЛИНАРСТВОТО

Горчливата диња се јаде зелена во фаза кога ќе започнува да поприма жолтеникава боја. Месото му е крцкаво и воденикаво, но горчливо. Кога ќе созрее станува тврда и исчезнува горчината.

Најчесто се користи во кинеската кујна и се меша со компир. Во некои видови кинески пива се користи наместо хмељ. Освен плодот, сувите листови од горчливата диња се берат за приготвување на чај.

Loading...