После 5 дена тормозење наваму-натаму низ клиниките, оваа 86 годишна жена го најде спасот кај Жан Митрев

Оваа напатена жена која цели пет дена со болки беше малтретирана поради неорганизираност и ирационални, повторувачки протоколи, конечно беше згрижена во клиниката Жан Митрев.

“Животот нема цена и затоа треба да се пазиме” – вели Светлана Антевска која на 86 години доживеа вистинска голгота, бидејќи никој не се нафаќаше да ја оперира откако го скршила колкот.

Таа раскажува како била препраќана од една на друга државна клиника за на крајот со семејството да донесат одлука да побараат помош во Клиниката Жан Митрев, каде како итен случај успешно и била изведена неопходната операција.

Да се потсетиме, оваа жена на 86-годишна возраст, со скршеница на колкот и со негативен тест на коронавирус, пет дена, петпати ја возеле на релација Клинички центар – Градската општа болница „8 Септември“.

Loading...

Не ја оперирале затоа што имала температура нешто повискока од 37 степени, но без други симптоми на КОВИД-19.

По петдневното малтретирање и стресови, семејството одлучило да си ја земе пациентката и од „8 Септември“ да ја однесе на операција во приватната клиника „Жан Митрев“, каде веднаш била згрижена и оперирана.

Дека жената е непотребно тормозена поради благо покачената температура се согласуваат и лекарите, кои велат дека поради повредата, болките, стресот и возраста на пациентката покачувањето на температурата во вакви случаи не е невообичаено.

Особено што и надворешните температури се невообичаено високи за ова време од годината.

Loading...