Поради болки од ишијас со ползење заминал на лекар, а тој му го дал овој лек

-Од архивите на НМД (искуства и исповеди)

-Ползејќи заминал на лекар поради неподнослива болка од ишјас, а лекарот му го дал овој природен лек.

Една од најчестите состојби која киропрактичарите ја среќаваат во својата практика е ишијасот.

Всушност, еден лекар имал пациент чија болка била толку голема што морал со ползење да стигне до него. Имено, семејството на раце го однеле зошто трпел многу големи болки.

Ишијас е термин кој се користи за опишување на болка која почнува во долниот дел од грбот и продолжува низ задникот, а потоа во бедрото, потколеницата и завршува во стапалото.

Овие симптоми може да се случат како резултат на компромитиран или приклештен нерв во долниот дел од грбот, што доведува до силна болка, слабост и губиток на чувство во ногата.

Па тој ист лекар пронашол лек од природата за успешно лекување на ишијасот.

РЕЦЕПТ:

Иситнете лук многу ситно (неколку чешниња), загрејте го на млеко (1 чаша) и оставете да се готви неколку минути.

Нека зоврие, а потоа кога малку ќе излади засладете со мед. Не го процедувајте.

Пијте по 200 мл од овој напиток секојдневно.

ВЕЖБИ при вклештен ишијалдичен нерв (ишијас):

Вежбите за истегнување може да бидат од голема корист бидејќи помагаат во смирување на воспалението, а со самото тоа, и за ублажување на болката. 

Секако, на почетокот нема да биде лесно, па затоа вежбите се изведуваат полека, со зголемување на истегнувањето при издишување.

Легнете на рамна површина, свиткајте ја ногата во која чувствувате болка и лесно повлечете ја кон рамето. Кога ќе го почувствувате истегнувањето, обидете се да ја задржите ногата во таа положба 30 секунди. Исправете ја ногата, одморете се малку и повторете ја оваа вежба уште двапати.

Повторно, во лежечка позиција, свиткајте ги нозете во колената и полека повлечете ги кон градите, без да го одвојувајте задникот од подот. Прекрстете ги нозете како што е прикажано на сликата, фатете ја со рацете здравата нога и повлечете ја.

Задржете ги нозете во оваа положба уште 30 секунди, пуштете ги и вратете се во првобитната положба. Повторете ја оваа вежба, исто така, уште двапати.

Со изведување на овие вежби за истегнување, ја стимулирате циркулацијата на крвта, со што се елиминира стагнацијата во мускулите, а со самото тоа се забрзува лекувањето.

Loading...