“Подобро илегално жив отколку легално мртов”: Потполно се излекувал од мултипла склероза – Еве како

Ова е приказната за Ирфан Рибиќ, студент на Академијата за сценски уметности во Сараево, кој во мај 2015 година се соочил со првите симптоми на оваа злокобна болест. Денес целосно е излекуван од мултипла склероза, а својата приказна за користењето на маслото од канабис ја споделил со сите.

На прашањето за тоа како реагирал на првите знаци од мултипла склетоза, тој изјавил:

“Тоа беше еден од најтешките моменти во мојот живот. Кога лекарот ќе ви соопшти дека боледувате од неизлечива болест и дека состојбата од ден на ден ќе биде променлива и ќе се влошува, вие не сте свесни што ве снашло. Сигурно е дека тоа беше најтешкиот период во мојот живот, но денес веќе започнаа да се испишуваат поубавите страници од мојот живот”.

Тој истакнува дека сознанието за неговата болест многу лошо влијаело и врз неговата психичка состојба, иако по природа бил многу позитивна личност.

“Познат сум како личност кој е многу позитивен и кој многу се смее и не оставам простор за црни мисли, но ќе ве излажам ако ви кажам дека сум немал лоши моменти. За жал, имав такви фази и тоа е многу човечки. Кај нас лекарите се многу збунети, бидејќи се чини дека оваа болест не е многу испитувана. Колку и да се знае за неа, сепак тоа не е доволно”, вели тој.

Loading...

“Лекарите ми говореа дека имаат оптимистички прогнози, дека ќе ми биде подобро, дека сум млад, полн со живот, дека организмот ми е млад, меѓутоа мултипла склероза е толку непредвидлива болест, што никогаш не знаете што ќе ви се случи”, додава тој.

Лекување со помош на масло од канабис

“За маслото од канабис тогаш знаев дека е дрога и дека е опасна психоактивна супстанција која кај нас е илегална и дека е тоа нешто што носи нешто лошо. Меѓутоа, кога излегов од болница, читав доста за болеста, а потоа наидов на една емисија на телевизија во која гостуваа фармацевт, жена која заболела и инспектор, а темата беше мултипла склероза.

Во емисијата се говореше за тоа колку сè повеќе луѓе започнуваат да веруваат дека канабисот, особено маслото од канабис, им помогнало не само во елиминација на симптомите, туку и во целосното излекување.

Во емисијата се јави Хуанито Луксетиќ од Хрватска, за кој на крајот се испостави дека ќе биде мојата ѕвезда водителка. Тој бил во инвалидска количка, а после користењето на маслото, тој станал од количката, а сега трча, што за мене беше многу фасцинантно”, вели Рибиќ.

Маслото од канабис го нашол во Словенија, бидејќи во БиХ е илегално.

“Луѓето мислат дека во Хрватска и Словенија е поинаку регулирано, меѓутоа не е ни таму. Најдобра е состојбата во Македонија, каде се врши обука на лекарите како да лекуваат со масло од канабис”, додава тој.

Објаснува и тоа дека не секое масло од канабис е добро и дека во светот на канабисот има сè и сешто.

“Не е секоја билка добра, ниту секоја сорта е добра и не им помага секое масло на болните. Меѓутоа, многу информации разменив со Хуанито, а користев и интернет, гледав документарни филмови и читав разни истражувања на научници од целиот свет. Пред канабисот одот ми беше многу отежнат, брзо се заморував, а кога после резултатите, една ноќ си легнав да спијам, едноставно во мојата глава не ми даваше да молчам, бидејќи молчењето е злочин.

Ова за коешто раскажувам е нешто што ми го налага совеста, не се плашам, бидејќи не сум дилер, не сум наркоман, сакам да бидам академски граѓанин, си ја сакам работата, но она што многу ме лути е здравствениот систем кој според мене многу лошо функционира и затоа не можев да молчам”, коментира тој.

“Подобро да сум илегално жив, отколку легално мртов”

Рубиќ во студиото на телевизијата носел маичка на која пишува “Подобро да сум илегално жив, отколку легално мртов”.

“Повторував дека без разлика дали ќе се легализира канабисот или не, луѓето мора да се лекуваат. Сум бил сведок кога лекарот на некои луѓе им веле дека имаат само уште 1-2 месеци живот. Што им преостанува на тие луѓе, освен да си го побараат спасот?

Што се однесува до лекарите, мора да кажам дека како и секаде, ги има и вакви и онакви. Имате и такви кои ќе ви поддржат и ќе ви речат “браво”, но имате и такви кои ви велат “каков канабис?! Не постојат истражувања за тоа, тоа е лудост!”, вели тој.

Рибиќ наведува и како цената за маслото е дополнителен проблем со кој се среќавал.

“Покрај тоа што маслото е илегално и многу е скапо, бидејќи се наоѓа на црниот пазар. Терапија од три месеци, која е прифатлива во светот, чини 4000 евра. Еден милилитар чини од 50 до 70 евра, а терапијата е 60 мл масло.

Таа терапија ја основал Рик Симпсон, човекот кој е научник и кој го проучувал канабисот бидејќи имал карцином. Го испробал на себе и ја утврдил терапијата и сега во Канада и цела Европа се користи таа терапија”, додава тој.

Loading...