Овој лек е причина за акутна хепатална слабост

Акутна хепатална инсуфициенција се јавува кога црниот дроб престанува да работи. Тоа може да се случи во текот на неколку дена или неколку недели, а тоа обично се случува кај некој кој немал претходно постоечко заболување на црниот дроб.

Акутна хепатална слабост може да предизвика сериозни компликации, вклучувајќи прекумерно крварење и зголемување на притисокот во мозокот.

Што ја предизвикува оваа состојба? Најчеста причина за акутна хепатална инсуфициенција е преголема доза на еден лек кој би можел да го имате и вие во вашето домаќинство.

Ацетаминофен (парацетамол) и акутна хепатална слабост

Многу лекови како што се Tylenol, Excedrin, NyQuil и Theraflu содржат ацетаминофен.

Се проценува дека оваа состојка се наоѓа во бројни лекови против болки и е одговорна за повеќе од 56.000 посети на прва помош, 2.600 хоспитализации и околу 460 смртни случаи годишно.

Долговремена употреба на ацетаминофен може да биде штетна за телото, дури и во мали дози. Повеќето случаи од предозирање на ацетаминофен се пријавени поради користење на повеќе од еден лек во исто време.

Ацетаминофен е токсичен за црниот дроб. Една студија објавена во списанието на Американското медицинско здружение открива дека дури и употребата на ацетаминофен како што е наведено во упатството, може да предизвика оштетување на црниот дроб.

Во истражувањето биле вклучени 145 здрави волонтери. Тие биле поделени во три групи. Првата група добиле комбинација ацетаминофен / опиоиди, втората група добиле само ацетаминофен, а третата група добиле плацебо.

На секој поединец му била дадена само препорачаната количина на ацетаминофен. Истражувачите ги проучувале групите во период од две седмици.

Тие откриле дека двете групи кои користеле ацетаминофен имале покачено ниво на важни хепатални ензими од 31-44%, што укажува дека лекот е причина за оштетување на црниот дроб.

Ацетаминофен го осиромашува телото со глутатион. Ако овој антиоксиданс се исцрпи премногу брзо, кај црниот дроб може настане акутна хепатална инсуфициенција.

Пациентите со акутно ацетаминофен-труење се третираат со глутатион за заштита на црниот дроб.

Опасности

Ацетаминофен можеби е меѓу најопасните лекови на пазарот. Истражувањето исто така, покажа зголемување на опасностите од комбинирање на ацетаминофен со алкохол, (како што често имаат обичај консументите да се напијат апче за главоболка пред пиење, или земање на Tylenol за мамурлак).

Комбинирање на ацетаминофен со алкохол го зголемува ризикот од оштетување на бубрезите за 123 %!

Границите меѓу „сигурна“ доза на ацетаминофен и потенцијално смртоносната е многу мала. Фактот дека овие лекови имаат опасни несакани ефекти не е нов. Но, и покрај тоа, повеќето домаќинства ги имаат ваквите лекови во „резерва“.

Без разлика дали се наменети за главоболки, болки во грбот, зглобови и мускули, настинка или грип, производите кои содржат ацетаминофен се консумираат од страна на милиони луѓе секој ден.

Loading...