Од Германија го испраќам во загаденото Скопје: лек за моите деца

Фото и рецепт: Мирјана Стојановска

Потребни сотојки:

350 г ѓумбир
1 кг лимон и органски
1 тегла природен планински мед

Постапка:

Ѓумбирот се лупи и ренда. Лимонот (овде во Германија има органски) но до пред 2 години во Скопје обичен купував, па го ставав во вода со сода бикарбона да отстои 1 час, а потоа се мие убаво.

Лимонот со кора се меле во машина за мелење пиперки, месо…

Двете состојки се ставаат во поголем пластичен сад, па се додава тегла мед.

Искуствено ви велам дека го подобрува имунитетот (особено за респираторни и белодробни заболувања), ја подобрува циркулацијата.

Антиоксидативни својства имаат и лимонот и ѓумбирот, што значи дека се борат против слободните радикали.

Од горенаведената количина се добиваат 3 големи тегли.

Моите деца (возрасни се) го јадат наутро по 2 лажици супени и 2 лажици навечер.

Во Скопје правев за поширока фамилија (брат ми, сестра ми ).

Навистина е одлично нешто. Се консумира во периодот есен зима до рана пролет, штити од инфекции, вироза, настинки, штити од загадениот воздух.

Loading...