Народен рецепт за исфрлање на песок од бубрезите, најчесто споделуван со 100% ефикасност

Ова се два народни рецепти за исфрлање на камчиња и песок од бубрезите, најчесто споделувани меѓу луѓето кои даваат сигурни резултати. Првиот содржи лимон, нишадор и глицерин, а вториот лимон, пиво и масло. Пред примена на било кој од народните рецепти, задолжително консултирајте се со вашиот лекар.

РЕЦЕПТ 1

Потребни состојки:

750 грама чист сок од лимон (2-3 килограми лимони)
10 грама нишадор од аптека
250 грама глицерин од аптека

Постапка:

Лимонот се процедува низ газа, состојките се мешаат и се остава да отстои 1 ноќ затворено во стаклено шише, во фрижидер.

Се пие на празен стомак наутро, по 1 чашка од ракија, се дури не се испие (25-30 дена).

Откако наутро ќе се испие дозата, треба 30 минути да се мирува.
Лекот се чува во стаклено шише.

Пред примена на овој народен лек, треба да сте сигурни дека вашите бубрези се во добра здравствена состојба. Не смее да се применува доколку постои некакво воспаление, инфекција или некое друго дегенеративно заболување. Некои земаат и антибиотик во текот на третманот.

РЕЦЕПТ 2

Ако имате камен во бубрег, направете го овој едноставен народен лек и за шест дена исфрлете го каменот. Покрај тоа, целосно ќе ги прочистите бубрезите од песок. 

Многумина кои го пробале овој пририден лек, успеале да се ослободат од овој проблем. Пробајте и вие. Не може да наштети а може да помогне. Сите состојки се природни и здрави, па така овој напиток нема несакани ефекти.

Потребни состојки:

100 мл лимонов сок
100 мл ладно цедено маслиново масло
100 мл пиво

Постапка:

Сите состојки ставете ги во стаклено шише и добро протресете.

Употреба:

Пијте по 50 мл од напитокот, наутро, на празен стомак.

Ефект:

Ако имате песок во урината, ќе го исфрлите после три-четири дена. 

Ако имате камен или повеќе каменчиња, ќе ги исфрлите за шест дена.

Loading...