Мамурлук после новогодишната ноќ – како да се ублажат симптомите

Мамурлукот е физичка и емоционална состојба, која настапува после прекумерна употреба на алкохолни пијалоци..

Кога ќе испиеме некој пијалок, вино, пиво, ракија или нешто друго, тој влегува во нашиот желудник. Одовде, преку слузокожата на желудникот, влегува во крвотокот, а преку него и во сите органи и ткива во организмот.

Дури и кога ќе престанеме со пиење, алкохолот и понатаму циркулира низ организмот, се дури не се преработи и исфрли. Тоа е долготраен процес и може да трае до 24 часа.

Симптоми на мамурлукот можат да бидат главоболка, мачнина и нагон за повраќање, вртоглавица и.т.н.

Како да се ублажат симптомите

Симптомите, особено потешките облици можат да се ублажат на следниот начин:

1. Треба нешто да се јаде, без оглед дали имате апетит или не, макар и со сила. Многумина чувствуваат нагон за повраќање, но желудникот е празен. После внесување на храна, особено солена, желудникот ќе почне нормално да работи и симптомите од мамурлукот ќе се намалат.

2. Треба да се знае дека алкохолот доведува до дехидратација на организмот, затоа немојте да се ограничувате во пиењето течности, пијте што повеќе вода, за да го надоместите загубеното.

3. Стомачните мачнини можат да се елиминираат со пиење на големи количини, густо сварен чај од камилица.

4. Витамините од групата Ц и Б можат многу да помогнат. Овошно смуди од лимон, цитрон, или портокал во комбинација со морков е добар избор.

5. Умерено-топла бања има многу добро дејство врз исцрпениот организам, но само кратко туширање. Долгото седење во топла вода или сауна, можат да доведат до дополнително проширување на ионака раширените крвни садови, што пак може да доведе до состојби опасни по здравјето.

6. Малку физичка активност и прошетка, многу ќе помогнат. Секако, не треба да се претера и уште повеќе да се умори исцрпеното тело. Во предвид можат да дојдат само прошетки на чист воздух, кои ќе го порават нивото на крвниот притисок.

7. При состојба на мамурлок избегнувајте го црното кафе, бидејќи го надразнува и онака раздразнетиот нервен систем. Како што споменавме погоре, кафето заменете го со чај од камилица.

Loading...