Макало од лук, нешто највкусното што сте го пробале!

Фото и рецепт: Даниела Џепаровска-Саздов

Потребни состојки:

2-3 главици лук
1 полно лажиче сол
400-600 мл масло
½ лимон – сок

Постапка:

Во една тегла се ставаат околу 2-3 главици лук кој претходно сте го исчистиле и исечкале, едно полно лажиче сол, па почнува да се мати со рачен блендер.

Loading...

Постепено се додава масло (400-600 мл), малку по малку, се додека не се згусни, а во меѓувреме се додава постепено и сок од половина лимон. Подготовката трае околу 45 минути.

Испробано и ептен е добро, а нема мачнина во желудник.

И здивот не мириса! : – )

Се чува во фрижидер, рокот не му го знам, кај нас се изедува за една седмица.

Фото и рецепт: Даниела Џепаровска-Саздов

КОМЕНТАР на Лилјана Давкова:

”go pravam od mnogu odamna.. ova go vidov za prv pat kaj edni ljubezni domakini vo Mavrovi Anovi.. receptot mi e od niv, a odposle si priizmisliv da izdvojam eden del i povtorno blendiram dodavajki magodnos – najcesto posluzuvan koga ima riba na trpezata, vo del isto taka sum stavala orevcinja… i kolku li kolicinski da napravam – sekogas malku, za vreme na posti koga se jade maslo – edna lazica vo posno gravce bez potprski – taka bel, i toa edna lazica vo tanjirot a ne vo celiot grav – milina. Navistina ne e tezok za jadenje i kako namaz, ne mirisas na luk…samo predizvikuva pocesto otvaranje vrata na frizider – onaka neli ete uste malku da topneme… e takvo e ova makalo,”

Коментар на Софија Хаџи-Мицева:

“1 лажица со врв густин о 300 мл вода се вари да се згусне,  полуоладено и половина главица тилчен лук ,сол се мати со миксер постепено додавајки масло( околу 200-300 мл) како за мајонез и на крај сок од лимон, се на вкус, нема крај на јадењето”

Коментар на Јадранка Заовска:

“Odlicen post…. Jas go pravam isto samo dodavam vo ego sirenje, I poveke lukcinja (6-8), za nastinka e odlicen, za imuniteot isto(lica so slab zeludnik ne smeat da go konzumiraat!) ke imaat poteskotii pri varenjeto… Pozz”

Loading...