ЛЕДЕНО НЕБО или колач 7+7+7 зошто сè оди по 7

Вака се нарекува зошто речиси сè оди по седум.

Потребни состојки:

7 белки

7 лажици шеќер

7 лажици остро брашно

3 лажици млака вода

За прелив: 100 мл млеко + малку рум

За крем:

7 жолчки

7 лажици шеќер

6 лажици остро брашно

1 лажица густин

800 мл млеко

250 г маргарин / путер

1 шлаг пена

50 г чоколадо

Постапка:

Бисквит: изматете ги белките со постепено додавање на шеќер, па брашно, па вода. Смесата печете ја во намастена тепсија или калап (35х23 см), на 160 степени додека да зарумени, околу 25 минути.

Извадете ја кората штом ќе ја промени бојата, во спротивно ќе се пресуши. Оставете да излади, па избоцкајте го со чепкалка и прелијте го со 100 мл млеко и малку рум. За поубаво да впие, може млекото да се загрее.

Крем: добро изматете ги жолчките заедно со брашно, шеќер, густин и 100 мл млеко. Наведената смеса додадете ја во 700 мл врело млеко и варете како за пудинг околу 5 минути со постепено мешање, па тргнете на страна и оставете да излади.

Кога кремот ќе излади, додадете пенасто изматен путер и убаво промешајте за да се изедначи.

Готовиот крем нанесете го врз кората. Потоа одозгора нанесете шлаг и наросете ситно сечкано или рендано чоколадо.