Kopoнавирус: Колку чини хоспитализацијата во интензивна нега во светот?

Болничкото лекување на еден kopoна пациент чини од 250 до 750 евра днавно.

Иако властите на сите држави во светот ја одбегнуваат оваа тема и неволно говорат за трошоците од лекувањето на болните од kopoна во болниците, некои податоци сепак доспеваат во јавноста, првенствено благодарение на приватниот здравствен сектор.

На новинарите од каталонскиот портал La Vanduardia уште во март месец им биле достапни податоците за трошоците од приватниот здравствен сектор, кој влегол во броба со епидемијата.

Во целата држава 468 приватни болници веќе на почетокот од епидемијата започнале да примаат болни од koвид. Тоа вклучило и 266.000 професионалци кои под “команда” на локалната самоуправа се вклучиле во борбата за спасување на животи.

Шпанската приватна здравствена алијанса (АSРЕ) ги ставила на располагање своите ресурси на Министерството за здравје и неговиот министер и тоа по цена од околу 250 евра дневно во случај на “нормална” хоспитализација и до 750 евра во случај на прием во единиците на интензивна нега.

Па така околу 30% од болничкиот капацитет на приватниот сектор бил префрлен во koвид режим. Државниот сектор располага со околу 92.000 кревети во 806 болници, додека во двата сектори, приватниот и јавниот, располага со околу 158.000.

Од друга страна, американската непрофитна организација Farihelthисто така ги истражувала цените на болничкото лекување во САД.

Трошоците ги процениле врз основа на издатоците поврзани со лекувањето на воспление на бели дробови и грип, користејќи една од најголемите бази со податоци во земјата.

Утврдиле дека просечна цена за болничко лекување на пациенто од koвид изнесува 73.000 долари (ако пациентот нема здравствено осигурување).

Loading...
Претходна статијаБрзо и лесно: како најлесно да развлечете домашни кори за пита
Следна статијаПита која многу лесно и брзо се прави, без оклагија, без тегнење…Многу често ќе ја правите