Колагенска диета: Слабејте и добијте кожа како порцелан – меѓународен хит

Пробајте ја исхраната на човекот со најпродаваната книга за слабеење. Слабејте и стекнете се со сјајна кожа со колагенската диета која го носи потписот на мегапопуларниот гуру диетолог – д-р Џош Аксе

Откако ги објави двете најпродавани книги за губиток на килограми (Keto Diet i Eat Dirt),  д-р Џош Аксе со право се смета за меѓународна суперѕвезда на тој терен.

Loading...

Во својата нова книга The Collagen Diet (колагенска диета), тој ни покажува како со помош на колаген може да се добие витко тело и поубаво лице.

Што е всушност колаген?

Тоа е група влакнести протеини кои се “испреплетени” во влакнести ткива – замислете го тоа како илјада жици. “Колагенот е лепак кој не држи заедно”, вели докторот. Се наоѓа низ целото тело, од кожата до ноктите, до коските, мускулите, крвните садови и цревните ѕидови.

Има многу важни својства против стареењето – затоа постојат и толку козметички производи кои ветуваат младолика и блескава кожа. Проблемот е во тоа што со стареењето започнуваме да губиме се повеќе и повеќе од овој драгоцен колаген.

Се проценува дека на возраст од 50 години, неговото производство опаѓа за 75%. Но, драгоцениот колаген не ни го одзема само времето кое проаѓа. Останатите фактори кои придонесуваат за негов дефицит во телото се пушење, стрес, сончева светлина и консумација на шеќер!

КАКО КОЛАГЕНОТ ПРИДОНЕСУВА ЗА ГУБИТОК НА КИЛОГРАМИТЕ

Истражувањата откриле дека глицинот – аминокиселина која се наоѓа во високи концентрации во колагенот, помага во губиток на стомачните и висцералните масти. Покрај тоа, важно е да се одржува на високо ниво енергијата во текот на диетата.

Исто така, кога ќе ја изгубите вишокот телесна тежина, кожата се опушта, а колагенот помага после слабеењето побрзо да се постигне складна фигура.

КОИ СЕ ЗАБРАНЕТИТЕ НАМИРНИЦИ ВО ТЕКОТ НА КОЛАГЕНСКАТА ДИЕТА?

Покрај шеќерот, постојат и други намирници кои го “саботираат” производството на колагенот, па тие не се вклучени во менито на оваа диета:

-преработки од јаглехидрати: шпагети, колачи, крекери и сл.

-преработки од месо

-помфрит

КОЈА ХРАНА Е ПОЖЕЛНА ЗА КОЛАГЕНСКАТА ДИЕТА?

-силно обоен зеленчук: тиква, аспарагус, брокула, морков, пиперки, сладок компир

-зелен зеленчук: спанаќ, кељ…

-ферментирана храна: кефир, кисели краставички..

-овошје кое се бори против слободните радикали: цреши, грозје, авокадо, киви, јаболка..

-пилешко и мисиркино месо

-растителни извори на протеини: мешунки, јаткасти плодови

-екстра девствено маслиново масло

-месни или рибји супи

Врз основа на дадените намирници обликувајте го вашето мени со комбинирање на истите. Потрудете се вашата исхрана да биде што поразновидна и во ограничени количини. Не се прејадувајте!

Бидете повеќе физички активни и бидете доволно хидрирани со вода, билни чаеви и свежо исцедени сокови.

ПРИМЕР МЕНИ

Појадок: свежо исцеден сок од моркови, цвекло, јаболка и лимон, со додаток од лажичка спирулина; чај од коприва; лимонада без шеќер

Ужина: порција цреши/грозје/јаболка

Ручек: порција пилешко/мисиркино без маснотии со прилог прокељ/брокула

Ужина: грст јаткасти плодови/ореви/бадеми/лешници

Вечера: рибја супа

Loading...