Кога сте болни овие три работи никако не смеете да ги јадете, а еве и зошто

Еве што не смеете да јадете:

Јаткастите плодови, брокулата и гравот се одлични за здравјето и треба често да се јадат, но доколку ги јадете додека сте болни, само ќе ја влошите состојбата.

Кога се чувствувате лоши или сте настинати, од сите страни ви пристигаат совети со желба за побрзо оздравување. Но, не се сите совети добри и полезни. Некои намирници кои инаку се здрави. Можат само да ја влошат состојбата.

Loading...

Што би требало да одбегнувате кога сте болни? Кога сте настинати, имате грип или грозница, потребно е да ги одбегнувате овие работи:

ЈАТКАСТИ ПЛОДОВИ

Јаткастите плодови содржат хранливи материи како што се цинк и витамин Е. Сепак, би било добро да не ги јадете во почетните фази од болеста, особено доколку стомакот ви е чувствителен или кога имате температура.

Бидејќи овие плодови се богати со масти, на организмот ќе му биде потребно повеќе енергија за да ги свари, па тоа може да доведе до стомачни проблеми и да ви ја одземе енергијата.

БРОКУЛА

Иако брокулата е здрава, бидејќи изобилува со витамините А и Ц, има доста влакна кои потешко се варат и за да не го иритирате гастроинтестиналниот систем, подобро е изедете некои намирници кои имаат помалку влакна и кои полесно се варат. Наместо тоа јадете:

Црвени пиперки, бидејќи содржат кверцетин кој е силен антиоксидант и добар е во борбата против вирусите и воспаленијата. Покрај тоа, црвените пиперки се богати со витамин Ц, а овде нема толку киселини како кај цитрусите.

Печурки – научниците откриле дека печурките можат да го зголемат нивото на некои протеини кои се клучни за одбраната на организмот од инфекции.

КОГА КАШЛАТЕ И ИМАТЕ ВОСПАЛЕНО ГРЛО – ОДБЕГНУВАЈТЕ:

Свеж зеленчук: Храна која е тврда или остра потешко се голта и предизвикува иритација. Најдобро би било свежите плодови да ги јадете кога грлото ќе ви закрепне.

Цитруси: Со внес на овие јужни плодови го зголемувате внесот на витамин Ц во организмот, како и количината на електролити како што е калиумот. Од друга страна, нивото на киселост во портокалите и грејпфрутот може дополнително да го иритира грлото. Наместо тоа јадете:

Јајца, бидејќи се лесни за голтање и содржат витамин Д и цинк кои го јакнат имунитетот. Покрај тоа, протеинот кои го содржат јајцата се претвора во аминокиселини кои го јакнат имунитетот.

Мед: Меката текстура на медот ќе помогне да ги ублажите симптомите на сувото и воспалено грло, а медот покрај тоа, спречува кашлица. Освен тоа, има докажано антибактериско дејство.

КОГА ВЕ БОЛИ СТОМАК, ИМАТЕ ДИЈАРЕА ИЛИ ВИ Е ЛОШО – Одбегнувајте:

Млечни производи, бидејќи содржат лактоза која ја обработува желудникот благодарение на стомачниот ензим лактаза. Во случај на дијареа овој ензим може да се “потроши” поради воспалението, па не е баш најдобра идеја тогаш да внесувате млечни производи.

Житарици, бидејќи имаат голема количина на нерастворливи влакна кои не се раствораат во тености, па можат да поминат низ цревата побрзо од останатите намирници, што не е добра идеја ако поголемиот дел од денот сте го поминале во тоалет. Истото се однесува и на интегралниот ориз.

Грав: шеќерите кои се наоѓаат во гравот можат да го иритираат стомакот и да поттикнат дијареа, гасови и грчеви. Тоа се случува бидејќи организмот не произведува доволно ензими кои ги намалуваат гасовите и кои помагаат во варењето на шеќерите. Наместо тоа јадете:

Овесна каша: Освен што е лесна за стомакот, овесната каша содржи и растворливи влакна кои привлекуваат вода во дигестивниот систем и помагаат во регулирање на столицата. Содржи и селен кој го штити телото од инфекции, како и цинк кој му помага на имунитетот.

Бел ориз, бидејќи е лесен и добар за дигестивниот систем. Богат е со скроб и има малку влакна.

-Банани: Кога имате дијареа или доколку повраќате, тоа најчесто значи дека нивото на калиум во вашиот организам е опаднат. Калиумот е важен минерал кој одржува добра рамнотежа на водата во организмот и помага во одржување на здравјето на клетките. Бананите се богати со калиум и скроб кој поттикнува развој на добрите бактерии во желудникот.

Loading...