Кога не делуваат сите испробани лекови, Лепавецот ги лекува бубрежните и кожните болести

За оваа билка веќе пишуваше билкарот Мартин Најдовски кој приготвува извонредно лековити мевлеми, но поради голем интерес кај читателите, ја продолжуваме сторијата за оваа неверојатна билка. Иако кај нас се смета за коров и знаењето за нејзините лековити моќи е подзаборавено, сепак во некои приватни архиви се сочувани некои од лековитите рецепти кои ќе можете да ги прочитате во продолжение на текстот.

Австриската билкарка Марија Требен сиот свој живот го посветила на лекување на тешки болести, токму со оваа билка. Кај старите Германи лепавецот бил посветен на божицата на плодноста, љубовта и бракот. Древните Египќани со нејзиниот корен боеле ткаенини, а некои народи и денес ја користат при изработка на сирења.

Лепавецот е познат по својата лековитост, а примена наоѓа во народната медицина, но и во кулинарството. Ја има во повеќе видови од кои најпознати се иванското цвеќе, лепливиот лепавец, лазарката и ливадскиот лепавец. Се собира кога е во цвет, а се суши на провев, под сенка, без корен.

Оваа билка исклучително ја ценел и германскиот ботаичар Хуберт, кој сметал дека лепавецот е најдобриот лек за бубрежни болести, па дури и во случаи кога сите други лекови се покажале како неуспешни.

Loading...

Покрај тоа, докажал дека поволно делува за зголемено излачување на урина, особено кога се насобира во организмот. Кај народот се смета дека е лек против епилепсија и невроза.

Марија Требен објавила рецепти со кои се потврдува лековитоста на билката, чиј чај помага при губиток на гласот, кожни болести, слабокрвност…

Во билката има ензими кои поттикнуваат засирување на казеинот од млекото, а затоа билката се користи за приготвување на некои сирења.

Надворешно се користи кај лишаи, егзема, кожни нечистотии, рак на кожа и кај сите други оштетувања на кожата. Од свежиот сок помешан со путер се приготвува многу корисна и лековита маст против сите кожни болести, како што се гнојни чиреви, шкрофулозни отоци, тврдокорни чиреви, јазли на гради, кожни осипи, гуша и слично.

ОБЛОЗИ ЗА ОТЕЧЕНИ ЛИМФНИ ЖЛЕЗДИ

Се користат повеќекратни облози со ткаенина натопена во топол чај од лепавец или иванско цвеќе, но уште поголем ефект се постигнува со натопување во свеж сок од оваа билка.

СОК ОД ЛЕПАВЕЦ ПРОТИВ РАК НА КОЖА

При рак на кожа се накапува свежо исцеден сок од билката врз болната кожа и се остава да се исуши. Една чаша свеж сок од лепавец се пие во текот на денот во мали голтки како лек за рак на јазик, а истовремено неколкупати дневно се чува сокот во уста по 10-15 минути, по што се исплукува.

ПОВЕЌЕНАМЕНСКИ ЧАЈ ЗА РАЗНИ БОЛЕСТИ

Се приготвува на следниот начин: една лажица се прелива со 250 мл топла вода, се поклопува и се остава 10 минути, потоа се процедува. Се пие двапати дневно по една шолја. Вака приготвениот чај помага при губиток на гласот, тегоби поврзани со болести на бубрези, пореметување во циркулација, кожни осипи и лишаи, појава на старечки пеги, слабокрвност и воспаление на непца.

Напомена: Лица со слаба функција и компликации на желудникот, не треба да користат препарати од лепавец.

ПРИМЕНА НА СОК

Сокот се исцедува од свежа билка и веднаш се применува кај одредени болести. На заболен дел од кожата се нанесува на секои 4 часа и се остава да се исуши. Пред повторно нанесување, третираниот дел се чисти со алкохол. Кај орална употреба се зема трипати дневно по една чајна лажичка сок која се разблажува со вода или чај.

РЕЦЕПТ ЗА ЛЕКОВИТ МЕВЛЕМ

Во 100 мл свеж сок се додава 200 г прочистен путер или свинска маст. Смесата се загрева на најтивок оган и се меша пенасто додека да испари вишокот вода, па се складира во стаклена тегла. Заболениот дел од кожата се мачка 2-3 пати дневно. Пред нанесување на маста заболениот дел се чисти со алкохол.

Напомена: Мевлемот може да се приготвува со комбинирање и на други лековити билки како што се кантарионот и ајдучката трева.

Билката може да се користи и во кулинарството. Младите делови од билката се варат 15-тина минути во врела вода, па понатаму може да приготват исто како спанаќот или како додаток во мешани салати и пролетни супи.

Постојат неколку видови лепавец, ќе споменеме само неколку од нив, инаку сите се користат во лековити цели:

Прав лепавец (Galium verum L.) кој кај народот е познат како иванско цвеќе или жолт лепавец. Се јавува на повисоки места, расте исправено и има златножолти ситни цветчиња кои мирисаат на мед.

Ливаден лепавец (Galium mollugo L.) кој има шолтобели нежни цветчиња и исто мирисаат на мед. Во време на цветање повеќе е во легната положба отколку во исправена.

Леплив лепавец (Galium aparine) има бели или зеленкастобели цветчиња, а најлесно се препознава по нејзината лепливост и по што се разликува од другите видови од истиот род. Сувата билка се користи како чај при бронхитис, кожни болести, болести на црева, црн дроб, бубрези, мочен меур, лимфа, жлезди, женски болести, несоница и слично.

Лазаркиња (Galium odoratum) со ситни бели мирисни цветчиња. Цветовите и целата исушена билка има мирис како кумарин и се користи како зачин во многу јадења. Се бере пред или на почетокот од цветањето, се суши брзо на сенка и често се превртува во текот на сушењето. При висока температура се губат мирисните својства. Освен како зачин се користи и како чак за поттикнување на излачување на урина и пот, за болки и мигрена и како антисептично својство. Семките може да послужат за приготвување на кафе.

Loading...