Само неколку вида пајаци имаат песјаци доволно долги за да продрат во човечката кожа и да го пуштат отровот доволно силен за сериозно да влијае врз човековото здравје
Убодот од пајак најчесто е безопасен. Всушност, многу убоди од други инсекти па и инфекции на кожа неправедно им се препишуваат на пајаците. Само неколку вида пајаци имаат песјаци доволно долги за да продрат во човечката кожа и да го пуштат отровот доволно силен за сериозно да влијае врз човековото здравје. Во Европа е најпозната Црната Вдовица, како најопасен отровен пајак.
СИМПТОМИ И ПОСЛЕДИЦИ ОД УБОД НА ПАЈАК
Симптомите се јавуваат како резултат на вбризганиот пајаков отров. Јачината на симптомите зависи од видот на пајакот, количината на отровот и местото на убодот, како и сензибилноста на организмот на отрови.
Типично, убодот од пајак може да изгледа како било кој друг убод- црвено, воспалено и често болно место на кожата. Понекогаш чеша, а понекогаш може да помине незабележително. Убодите од безопасните пајаци често не предизвикуваат други симптоми од погоре наведените.
ЗНАЦИ И СИМПТОМИ ОД УБОД НА ЦРНА ВДОВИЦА
Болка- обично започнува во рок од еден час по убодот, болката се шири од каснатото место па се шири во стомакот, грбот и градите.
Грчеви- стомачните грчеви или вкочанетост можат да бидат тешки а понекогаш можат да причинат пукање на слепото црево.
Потење- прекумерното потење може да се појави околу местото на убодот, или може да вклучи цел ектремитет.
ЛЕКУВАЊЕ
За повеќето луѓе со исклучок на оние кои се суперсензитивни важат следните мерки:
-исчистете го убодот со благ сапун и вода.
-нанесете ладна облога за да се намали болката и воспалението.
-Ако убодот се наоѓа на ектремитетите, подигнете ги високо.
-по потреба користете лекови против болки.
Во случај на убод од Црна Вдовица:- веднаш посетете лекар, затоа што постои опасност по живот.