Изговарајте ја оваа реченица трипати дневно во текот на еден месец и ќе се случи чудо, верувајте и ќе се оствари

Нашето здравје е продукт на нашите мисли!

Познатиот француски психолог Емил Куе во болницата во која работел во Париз спровел експеримент врз своите пациенти, така што на сопствена одговорност им ја препишал следната “терапија”:

Loading...

Трипати дневно да ја изговараат следната реченица: “Со секој нов ден се чувствувам сè подобро и подобро.”

Психологот им нагласил на пациентите дека оваа реченица не треба да ја повторуваат туку-така, механички, туку да ја изговараат колку можат поведро и попозитивно. Еден месец подоцна пациентите на овој познат психолог станале главна тема во таа болница, но и во цела Франција.

Тешко болните пациенти се опоравиле во рок од еден месец, а на некои повеќе не им била потребна ниту хируршка интервенција. Имено, со ова била потврдена тезата на големиот филозоф Парацелзиус кој тврдел дека ВЕРАТА НАВИСТИНА ПРАВИ ЧУДА.

Нашето здравје е продукт на нашите мисли и неизбежно е да постои директна поврзаност помеѓу менталната и физичката состојба на луѓето.

Исто така, еден од најважните психолошки закони го вели следното: вербалното искажување на љубов, емпатија и восхит, дополнително се јакне животната енерија на личноста кон која се упатени. Исто така, злите и малициозни зборови драстично ја намалуваат енергијата на слушателот.

Вкупниот број на болести кои се поврзани со лошите мисли продолжува да расте со голема брзина. За поефикасно да ја отстраниме од себеси, мора да се прифржуваме до еден совет на древните мудреци: “Уживајте во животот, без разлика на тоа колку е тежок.”

Помолете се за здравје: Молитва кон св.Василиј Острошки Чудотворец

Свет оче Василиј, силен помошнику и милосрден заштитнику, почуј ги и сега нашите молитви, солзи и воздишки. Како добар пастир што ги бара залутаните овци и за нив страда, собери нѐ околу твојот кивот и со твоите чудотворни поуки поучи нѐ да ти благодариме и да Го славиме Отецот Небесен.

Нашите души во пороци се мачат, но и плачат како заблудениот син што од својот татко прошка барал, но и како жената што откако се препнала ги признала своите гревови.

Согрешивме многу, од знаење и незнаење согрешивме, со горди мисли и себично срце, со дело и збор, но и со неправење на многу добри дела. Затоа, погледни на нас ранетите и во гревот изобличените. Погледни и ублажи ги нашите болки и страдања на душата и телото, и дарувај ни го изгубениот мир, братската љубов и радоста небесна.

Те молиме, повикај ги сите светии од нашиот род, сите свети маченици, праведници и преподобни, и заедно со нив моли Го Господа, Кого во Пресвета Троица Го славиме, да ни подари прошка на гревовите и да нѐ спаси од адската погибел, та покаени и поучени да можеме тебе да те величаме, и со тебе да Го славиме беспочетниот Отец со единородниот Син и живототворниот Дух, сега и секогаш, и во вечни векови.

Амин.

Тропар на св. Василиј Острошки, гл. 4

Од младоста своја сиот себеси на Господа се предаде,
во молитва, труд и пост пребивајќи, оче богоносен.
Образ на добродетелта му беше на своето стадо духовно;
гледајќи го твоето благопроизволение, за пастир на Својата Црква
и добар архиереј Бог те постави, а по твоето упокоение
твоето свето тело го сочува нераспадливо, свети Василиј.
Затоа, заради твојата смелост пред Него,
моли Го Христа Бога да ги спаси душите наши.

Молитва која ќе ве заштити од магии, злобни луѓе и проклетства

Секогаш кога чувствувате немир, кога имате силни главоболки, не спиете добро, имате кошмари, ја губите силата и се чувствувате немоќно: Прочитајте ја оваа молитва против магии, зли јазици и болести.

Господи Исусе Христе, Сине Божји, со крстот поразувајќи ја древната змија и со врските на мракот во тартарот врзувајќи ја, заштити ме од нејзините сплетки.
По молитвите на Пречистата Владичица наша Богородица и секогаш Дева Марија, светиот Архангел Михаил и сите небесни сили;
На Светиот пророк и Крстител Јован, светиот евангелист Јован Богослов;
Свештеномаченикот Кипријан и маченицата Јустина;
Светиот Николај чудотворец, свети Никита Новгородски;
Свети Јован Шангајски и Санфранциски чудотворец …
И сите светии, со силата на животворниот Крст и по застапништвото на Ангелот чувар,
Избави ме од духот на злобата, од лукави луѓе, од магии, проклетства, уроци и од секоја непријателска клевета.
Со Твојата семоќна сила сочувај ме од злото,
За озарен со Твојата светлина,
Безбедно да стигнам на тивкото пристаниште на Царството Небесно и таму вечно да Ти благодарам Тебе,
На мојот Спасител, заедно со безначалниот Твој Отец и сесветиот и животворен Твој Дух.

Амин.

Чудотворна молитва на Св.Јосиф за здравје и заштита, стара 1900 години

Светиот Јосиф потекнувал од родот на царот Давид. Од првиот брак тој имаше четири синови и две ќерки. Откако стана вдовец, светиот Јосиф живееше во строго воздржание. На осумдесетгодишна возраст беше избран од Првосвештениците да биде чувар на девството на Пресвета Богородица, давајќи завет на безбрачност.

За воплотувањето преку неа на Синот Божји му беше јавено од Ангел. Светиот Јосиф беше присутен при поклонувањето на пастирите на Новородениот Младенец и при поклонувањето на магите.

По укажување на Ангелот, тој побегна, заедно со Божјата Мајка и со Богомладенецот Исус во Египет, спасувајќи ги од гневот на царот Ирод. Во Египет тој живееше со Богородица и со Богомладенецот, заработувајќи за нивното издржување со дрводелие. Се упокои на возраст од околу сто години.

Свети Јосиф бил човек на молитвата. Одиграл извонредна улога во историјата на спасението. Бил свршеник на Марија, Мајката Божја, и со тоа очув на Исуса, Синот на живиот Бог. Он е тој кого Исуса го научил да зборува и да се обраќа на Бога со зборот „Abba“ што значи „Татко“.

Во одредена смисла, свети Јосиф го научил Исус како да се користи со човечките зборови за да му зборува на небесниот Отец – а тоа е молитвата. Така, ако свети Јосиф го научил Исуса како да се моли, колку ли само може во тоа нам да ни помогне ако го замолиме.

-Свети Јосифе, научи ме да се молам!

“О, Свети Јосифе, чија заштита е толку огромна, толку силна, толку моќна пред Божјиот престол, тебе ти ги предавам своите потреби и желби.

О, Свети Јосифе, помогни ми со Твоето моќно посредство и измоли ги за мене сите духовни благослови преку Исус Христос, нашиот Господ, а јас под небесната сила ја давам мојата бескрајна благодарност и почит.

О, Свети Јосифе, никогаш нема да се уморам гледајќи го Исус како спие во твоите раце. Не се осмелувам да му пријдам додека одмора во близината на Твоето срце. Прегрни го во мое име и бакни ја Неговата нежна Глава од мене, и замоли го да ми го возврати овој бакнеж кога ќе го вдишувам последниот здив.

Свети Јосифе, заштитнику на смртноболните, моли се за нас. Амин.”

Loading...