ГРИЗ КОЦКИ – се мери на чаша

Потребни состојки:

Чаша од 200 мл

4 јајца

1 чаша шеќер

1 чаша масло

Loading...

1 чаша млеко

1 чаша мелени ореви

1 чаша брашно

250 г гриз

1 прашок за печиво

За сируп:

500 г шеќер

600 мл вода

За украсување:

2 шлага од ванила

Мелени ореви

Постапка:

Изматете ги јајцата со шеќер, додадете масло, млеко, мелени ореви, гриз, брашно и прашок за печиво. Смесата добро изматете ја и ставете ја во калап 20х35 см, претходно намастен и набрашнет. Печете на 180 степени околу 30 минути.

За тоа време пригответе го сирупот: во еден сад ставете шеќер и вода да врие 2-3 минути откако ќе проврие. Со топол сируп прелијте го печениот колач и оставете да излади.

Шлагот изматете го според упатството на кесичката и премачкајте го колачот, па наросете мелени ореви.

Loading...