Глуварчето го лекува црниот дроб, хепатитис, бубрези, желудник: Сируп од цветови

Освен што има диуретични својства, поттикнува создавање на жолчен сок, го чисти црниот дроб, помага при алергии и го намалува холестеролот.

Почетокот на април е иделано време за берење на глуварчето. Заминете некаде вон градот, некаде далеку од сообраќај и уживајте во природата и берењето.

Најлесно се бере целата билка, така што под нејзиниот корен се вовлекува нож, па се извлекува билката заедно со него. Треба да се внимава да не се повреди коренот за да не се изгубат неговите лековити сокови.

Loading...

Листовите на глуварчето измијте ги добро и пригответе ги како салата. Тие се одлична комбинација со варени јајца и компир, а според витаминското богатство ги надминува спанаќот и доматот.

Освен диуретските својства, потикнува создавање на жолчка, го чисти црниот дроб, помага при алергии и го намалува холестеролот.

Глуварчето содржи повеќе каротен од морковот и претставува одличен извор на различни минерали и витамини.

Стебленцата од глуварчето поттикнуваат топење на масти и растворање на жолчка, го регулираат метаболизмот и ја прочистуваат крвта и желудникот.

Народната медицина ги препорачува против дијабетес, а млекото од стебленцето е познато за отстранување на брадавици. Иако некои веруваат дека “млекото” од глуварчињата е отровно, тоа сепак не е точно, а вистината е токму спротивната. Многу е лековито.

Од цветовите на оваа билка се добива сируп, кој понекогаш го нарекуваат мед. Тој сируп ја чисти и јакне крвта, ја подобрува дигестијата, а помага и при кашлица.

Потребни состојки:

400 жолти цветови од глуварче
3 литри ладна вода
4 лимони
4 портокали
2 кг шеќер

Постапка:

Наберете 400 жолти цветови од глуварче. Прелијте ги со 3 литри ладна вода и додадете исечени 4 лимони (на парчиња или тркалца) и 4 исечени портокали. Оставете ги 24 часа.

Потоа низ газа процедете ги за да не останат трошки, па течноста префрлете ја во тенџере. Додадете 2 кг шеќер и со често мешање варење околу 1,5 час откако ќе зоврие. Треба да добиете густ сируп како мед.

Потоа добиениот врел сируп складирајте го во топли стаклени тегли, претходно стерилизирани. Затворете ги.

Сирупот е одличен за отстранување на симптомите од настинка, кашлица, бронхитис…

Се консумира по лажичка. Одличен е и за деца.

МЕД ОД ГЛУВАРЧЕ

Од цветовите од глуварче се прави исклучително вкусен и лековит мед: отворени цветовите и свртени кон горе, се редат во тегла да го покријат дното па се наросуваат обилно со шеќер. Така се реди ред по ред до врвот на теглата. Се покрива со газа и се остава на сонце. Не смее да се меша, а кога ќе започне да се претвора во еднолична смеса (после 10-15 дена) внесете ја теглата внатре и оставете целата смеса да се претвори во мед и да пожолти.

Тогаш процедете низ газа и повторно складирајте во стаклена тегла.

Медот од глуварче се консумира наутро на празен стомак по една лажичка. Им се препорачува на луѓе со проблеми со жолчното кесе и со крвотокот.

За лекување на кашлица:

Потребни состојки:

200 грама цветови од глуварче заедно со стебленца
2 лимони
1 ½ литар врела вода
1 кг шеќер

Постапка:

1.Иситнете ги стебленцата и цветовите од глуварче, па прелијте ги со врела вода.

2.Додадете лимон исечен на трглаца или само исцедениот сок, па сето заедно гответе го на тивко уште околу половина час.

3.Процедете ја течноста, додадете го шеќерот, па гответе уште 15 минути.

4.Топлиот сируп прелијте го во претходно стерилизирани стаклени шишиња или тегли, па внимателно затворете ги. Сирупот чувајте го на темно и ладно место.

За чистење на црниот дроб:

Потребни состојки:

2 портокали без кора
1 лимон без кора
¼ целер со средна големина (корен)
1 чаша млади листови од глуварче
½ чаша лист од магдонос

Постапка:

Сите состојки ставете ги во блендер, добро измиксајте и веднаш испијте го напитокот. Најдобро време е наутро на гладно.

Лековит мед од глуварче:

Потребни состојки:

450-500 г (9 раце) цветови од глуварче
Неколку листови (една рака) широколиснат тегавец (женски)
Неколку листови (една рака) жалфија
3 лажици жумско овошје (суво, смелено како за чај)
Една рака листови бела рада
Една рака цветови љубичица
1,5-2 см свеж ѓумбир, насечкан на тркалца
3 литри вода
1-2 портокали (непрскани)
2 лимони (непрскани)
3 кг шеќер

Постапка:

Кората од портокалите и лимоните се мешаат заедно со другите билки и ѓумбирот, а нивниот сок се чува за подоцна. Водата со мешавината се става на оган да зоврие, се поклопува и се остава преку ноќ.

Следниот ден се процедува му се додава шеќерот и се вари на тивок оган со повремено мешање се додека да добие густина на сируп. Пред крајот се додава сокот од лимонот и портокалот, па уште кратко се готви.

Се складира во тегли, веднаш се затвораат, уште додека е топол сирупот.

Вака добиениот сируп според вкусот едвај може да се разликува од вистинскиот мед.

Се јаде од 1-3 лажици дневно.

Го јакне организмот, ја чисти крвта и ја регулира столицата.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

-свежо глуварче и тоа корен, листови и цвет, набрано рано напролет
-ракија или водка од 35-40% алкохол

ПОСТАПКА:

Наберете свежа билка која расте во еколошки чиста средина, во време на цветање, напролет. Со помош на алатка или копач извадете ја билката заедно со коренот, бидејќи токму овој дел е најлековит.

Добро измијте ги сите делови, оставете да се исуши и исечкајте ја на што поситни делови.

Деловите од билката можее да ги измиксате на блендер за да добиете смеса во која полесно ќе продре алкохолот. Вака добиената смеса ставете ја во стаклена тегла, па целосно прелијте со ракија или водка.

Можеби подобро е да користите водка поради послабиот мирис, но и ракијата подеднакво успешно ќе ги извлече лековитите состојки.

Најдобар однос е половина да биде корен, а половина лист и цвет.

Садот добро затворете го и оставете на собна температура, вон домет на сончева светлина да отстои 3 седмици. Одвреме навреме протресете ја теглата. После три седмици процедете ја смесата преку газа да остане само течност.

Вака добиената течност содржи концентрација од хранливите состојки на глуварчето. Складирајте во стаклено шише обвиткано со алуминиумска фолија и чувајте на темно место.

УПОТРЕБА:

Тинктурата се користи кај ревматоиден артритис и гихт, особено е ефикасна за јакнење на функцијата на бубрезите, чистење и лечење на црниот дроб, особено за опоравување од жолтица, хепатитис и слично.

Тинктурата се зема и при зголемени маснотии во крвта, за регулирање на висок крвен притисок и воопшто за прочистување на крвта.

Билкарите ја препорачуваат оваа тинктура и за женски болести, проблеми во менопауза, проблем при доење, цисти и алергии. Тинктурата се користи за создавање и излачување на жолчен сок. Посебна препорака е тинктурата да ја користат дијабетичари како природна контрола на нивото на инсулинот.

Глуварчето ги намалува воспаленијата во телото особено на ниво на крвни садови со што се редуцира опасноста од кардиоваскуларни заболувања.

Најновите студии објавени во Journal of Oncology потврдуваат дека глуварчето има значителна улога во борбата, намалувањето и превенцијата на повеќе видови рак, особено на дојка, простата и кожа.

Освен набројаните благодети, екстрактот на глуварчето кој ќе го добиете на овој начин е преполн со витамините А, Б2, Ц, Д, Г, калиум, натриум, фосфор, калциум и железо.

Тинктурата се користи по потреба, но може и превентивно за целокупниот организам.

ТИНКТУРАТА СЕ ЗЕМА НА СЛЕДНИОТ НАЧИН:

20-30 капки (по потреба и повеќе) во чаша вода, трипати дневно.

После консумација од три месеци потребно е да се направи паузa.

Loading...