Фарбање на јајца со помош на хартија во боја – го користам овој рецепт со години и секогаш успева

Фарбањето на велигденските јајца со помош на креп хартија секогаш ми успева. Без разлика дали јајцата се фарбаат со природни или вешташки бои, домаќинските за секој Велигден се трудат да ги украсат со некој нов мотив или интересни нијанси.

Покрај познатото фарбање со лушпи од јајца и користење на ливчиња, магдонос и детелинки, ви го претставуваме и овој интересен метод, кој може вашата велигденска трпеза да ја направи уште поинтересна.

Потребни состојки:

Loading...

-јајца
-креп хартија во боја (се купува во книжарници)
-алкохолна киселина
-стаклена или пластична тегла (од исечено шише)
-заштитни ракавици

Постапка:

1.Јајцата сварете ги вообичаено.

2.Додека јајцата се варат, вие исечете ја креп-хартијата на парчиња со величина приближно 20х20, да може во нив да се завитка јајце.

3.Работната маса прекријте ја со стари весници за да не ја извалкате (бојата тешко се отстранува).

4.Во длабока чинија ставете алкохолна киселина.

5.Кога јајцата се готови, ставете ги ракавиците и земете исечено парче креп-хартија, натопете го во киселината, па во него завиткајте го топлото јајце. Или пак, јајцето завиткајте го во хартијата, а потоа во киселината.

6.Завитканото јајце ставете го внимателно во теглата. Истото направете го и со останатите јајца.

7.Редете ред по ред и секојпат користете различна боја. На пример, жолта-црвена-жолта-зелена-жолта-виолетова.

На тој начин шарата ќе биде поубава. Различните бои ќе се прелеваат една на друга и јајцата ќе бидат шарени.

8.Оставете ги така јајцата 20-30 минути. Потоа отстранете ја хартијата од јајцата и оставете ги малку да се исушат.

9.Исушените јајца премачкајте ги со намастено крпче.

Femina.com

Loading...