Драгана се излекувала и успеала да победи тежок проблем со помош на јајца од јапонска препелица

Драгана Нинковиќ раскажува дека конечно, после 28 години таа ги фрлила пумпиците и лековите, бидејќи успала да победи тежок проблем и денес таа дише нормално. Веќе во првите месеци од нејзиното раѓање, животот на Драгана Нинковиќ се искомплицирал. Нејзината здравствена состојба не била добра.

-Таа, 1976 година кога сум наполнила 6 месеци, сум почнала да кашлам. Кашлицата бил упорна и ми предизвикувала сулни гушења, особено во текот на ноќите – се сеќава на раскажувањата од своите родители. Родителите на Драгана биле многу загрижени и ја одвеле на педијатар. Во текот на натамошните прегледи била утврдена дијагнозата.

-Во тоа време таа кашлица ја нарекувале “црна кашлица”. Не знам денес како се нарекува, но се сеќавам дека станувало збор за некоја опасна, акутна состојба која барала итно болничко лекување.

Loading...

Од моето рано детство повеќе време поминав во болници отколку дома. Морав да користам пумпица вентолин. Не смеев да трчам, да се смеам, да плачам, премногу да се возбудувам, бидејќи сето тоа можеше да ми предизвика гушење – раскажува оваа храбра и упорна жена.

-Секогаш имав пумпица покрај перницата, бидејќи некогаш се случуваше да се гушам и преку ноќ, додека спиев. Не смеев никаде да одам без пумпица, зошто можеше во било кој момент да настапи гушењето. Користев разни лекови, на кои веќе не се ни сеќавам – раскажува Драгана.

Освен со лекови, родителите на Драгана се обидувале да ја подобрат нејзината состојба и со разни витамини, минерали, исхрана и на други начини.

-Ме хранеа со разновидно овошје, зеленчук, наоѓаа витамини, користев рибино масло… Сè што ќе слушнеа, а што би можело да ми помогне, моите родители ми даваа. Меѓутоа немаше никаков напредок, никакво подобрување. Лекарите рекоа дека болеста ќе се повлече во пубертет, но тоа не се случи.

Секој ден за Драгана бил сè потежок и потежок, а лековите само се зголемувале. Тогаш одлучила сама да си го побара спасот и да проба да го реши својот проблем на поинаков начин.

-Сè почесто бев на пулмологија. 28 години и веќе ми беше веќе доста од неспиење, гушење и лекови, па решив да ја пробам терапијата со јајца од јапонска препелица.

Милион пати прочитав дека јајцата се добри за проблеми со бели дробови и за астматичари. Имаше толку позитивни искуства од луѓе, што нивните приказни ме мотивираа и самата да пробам.

Првиот ден испив две јајца, вториот ден испив три јајца, третиот испив четири, а потоа секој ден пиев по пет јајца. Ги матев со лажичка шеќер и малку млеко. Кога ќе ги изматев, добивав околу 100 мл. Јајцата обично ги купував за цел месец и ги чував во фрижидер – објаснува Драгана и како што вели, некогашната пумпица која постојано ја носела со себеси, сега ја заменила со јајца од јапонска препелица.

-Дури и кога ќе тргневме на море или на некое друго патување, со себе носев полна кутија јајца. Јајцата ги пиев околу 7,5 месеци, секое утро на гладен желудник. Половина час после тоа обично ништо не јадев ниту пиев, додека на овој начин испив вкупно 1080 јајца.

Додека ја користела терапијата, Драгана немала никакви проблеми и потешкотии.

-Кога ја испив терапијата, следните 1-2 месеци почувствував благ притисок во белите дробови, но не дојде до напад. Тој лесен притисок го чувствував и во следните шест месеци, додека не започнав повторно да ги пијам јајцата.

Терапијата со јајца од јапонска препелица ја користев двапати по илјада и осумдесет јајца. За секој случај одлучив уште некое време да ги користам, уште три месеци и потоа прекинав. Болеста целосно исчезна.

Конечно можев нормално да дишам – нагласува Драгана Нинковиќ и заклучува:

-Еве, оттогаш се поминати 13 години, а ниеднаш досега не ми се случило да добијам напад на гушење. Пумпиците ги заборавив и се чувствувам целосно здраво, а истото го потврдуваат и лекарските наоди.

Loading...