Добив брчки на 33 години и тогаш баба ми мѝ даде рецепт со кој лицето ми се трансформираше

I РЕЦЕПТ – Многу млада добив брчки: Кога ме виде баба ми, ми даде рецепт кој ми го промени животот, делува инстант. Бев многу млада кога започнаа да ми се појавуваат брчки, имав неполни 33 години. Во тоа време си мислев дека вечно ќе изгледам младо.

Кога почнаа да ми се појавуваат брчките на челото и околу очите, бев многу разочарана. Мајка ми и баба ми имаат убава затегната кожа, што значи дека не е до генот, туку до мене. Многу слабо пиев вода и не водев сметка околу здравата исхрана.

А потоа еден ден и се пожалив на баба ми и таа ми откри еден неверојатен трик кој ми го промени животот. Ми даде волја целосно да го сменам погледот и третирањето на своето тело. Баба ми мѝ откри рецепт за маска за лицето, но ми напомена дека убавината освен надворешно, мора да се негува и внатрешно.

Оттогаш започнав да пијам повеќе вода, чаеви и свежо цедени сокови, како и да внимавам на исхраната. Навистина вредеше ова просветлување. Сега имам 45 години, а сè уште изгледам како да имам мах 30 години. Еве го рецептот на баба ми. Оваа маска е идеална за кожата, ја храни, ја чисти и ја прави поубава.

Состојките од кои се состои се потполно природни и немаат штетни дејства. Потребни состојки: 1 белка од јајце, 1 лажичка сок од лимон I ½ лажичка мед. Постапка: Изматете ја белката додека да запени, а потоа додадете ги останатите состојки и уште еднаш добро промешајте за да се изедначат.

Напомена: За не ми се расипе лимонот, не го сечам, туку го продупчувам, правам една мала дупка од која си цедам сок колку што сакам. Потоа лимонот го завиткувам во проѕирна фолија или кесичка и го чувам во фрижидер. Вака останува свеж уште неколку дена.

Инаку, оригиналниот рецепт содржи сок од цел лимон и 4 белки од јајца, но тоа за мене е голема количина. Секогаш си правам свежа маска пред секоја употреба. Употреба: Маската е најдобро да се применува после бањање, кога лицето е чисто, а порите се отворени.

Во регуларен ден, само измијте го лицето со топла вода или ставете топол влажен пешкир околу 5-6 минути врз лицето, за да ви се отворат порите. Потоа нанесете ја маската на лицето и оставете да делува околу 15-20 минути. Потоа исплакнете. Оригиналниот рецепт е со 4 белки и сок од 1 лимон, но јас ја намалив дозата за единечна употреба. Доколку правите поголема доза, смесата чувајте ја во стаклен сад во фрижидер, 2-3 дена.

II РЕЦЕПТ – Лицето буквално ми се трансформираше: На сите им го кажувам рецептот со кој ми се испеглаа брчките за неколку дена. Отсекогаш за лицето си приготвувам домашни креми, а оние купечките со безброј отрови во нив ги одбегнувам колку што можам повеќе.

Бидејќи по одреден период, кожата на лицето се заситува и веќе не реагира на истиот крем како на почетокот, затоа е потребно повремено да се менуваат состојките на кремот што се користи. Па така, се сетив на еден крем од 4 состојки, кој одамна го немав приготвено, но овојпат изменив една состојка.

Имено, наместо маслиново или бадемово масло, ставив арганово масло, според искуствата на бројни жени – едно од најдобрите масла со подмладувачки ефект. Откако почнав да го користам, за само неколку денови забележав огромна разлика во текстурата на кожата.

Таа како да се испегла и затегна, а дури и малку се осветли тенот. За сите кои сакате да се обидете со природен, домашен крем, овој рецепт срдечно ви го препорачувам. Овој домашен крем е идеално средство за нега на кожата: хидрира, го изедначува тенот, ги намалува видливите брчки и го успорува процесот на стереење на кожата.

Им одговара на сите типови на кожа. Видливи резултати има за само седум дена. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 супена лажица арганово масло, 1 жолчка, 1 чајна лажица мед, 2 чајни лажици вазелин. ПОСТАПКА: Вазелинот растопете го на водена пареа. Ќе ви бидат потребни неколку минути.

Тргнете од оган и додадете ги останатите состојки: мед, жолчка и масло. Претходно жолчката убаво изматете ја со медот и маслото, па кога ќе ја додавате во млакиот вазелин, внимавајте да не ви се свари и да не ви се направат грутки. Сите состојки добро промешајте ги.

Мешајте неколку минути, додека да добиете хомогена смеса. Добиениот крем складирајте го во кутивче од 50 мл. Со лесни движења се нанесува на чиста кожа. После 30 минути се отстранува вишокот со помош на памукче натопено во минерална вода или со влажно марамче за лице.

Напомена: кремот се впива во кожата подолго од еден час, така што треба да го нанесувате на лице барем два часа пред спиење. Кремот се чува во фрижидер. Кога ќе се потроши, направете уште една доза. Бидејќи сите состојки се природни, не правете дупла доза веднаш, за да не ви се расипе.

III Рецепт за домашен крем кој ги брише брчките и акните како со гумичка. Многумина од нас имаат проблем со акни и брчки, па поради тоа посегнуваме по скапи производи кои се полни со штетни материи и хемикалии. Тие производи не ни помагаат, а некои од нив дури можат да ја влошат состојбата.

Наместо тоа, најдобро е да ги испробате природните препарати како што е овој. Направете крем на многу едноставен начин, кој вашата кожа ќе ја направи почиста и поубава. Потребни состојки: 1 лажичка лимонов сок, 1 лажичка мед, 1 лажичка мелено мускантно оревче, 1 лажица цимет во прав.

Постапка за приготвување и употреба: Измешајте ги сите состојки во сад додека да добиете изедначена смеса, а добиениот крем нанесете го на лицето и оставете да делува 10 минути. Внимавајте на областа околу очите и устата при нанесување на било кој крем, освен ако не е наглесено дека е наменет исклучиво за овој дел.

Додека делува кремот ако почувствувате пецкање, тоа значи дека маската делува и тоа чувство на пецкање брзо ќе исчезне. Состојките во овој крем делуваат смирувачки врз вашата кожа, а пријатно ќе делуваат и при присуство на црвенило.

Loading...