Диета за слабеење и спречува рак – здравите клетки ги јадат болните, телото се чисти и подмладува

Научникот Јошинори Осуми проучувајќи ја диетава добил Нобелова награда, а Новак Ѓоковиќ тврди дека неговото тело сосем закрепнало кога започнал да се храни на овој начин.

Можеби досега сме слушнале за автофагија, но не сме се одважиле и да го испробаме овој фантастичен и научно докажан, самоисцелувачки процес за самодетоксикација и саморециклажа за слабеење, подмладување и унапредување на здравјето, како и превенција и сузбивање на болести.

Некој буквален превод на поимот автофагија би бил – да се изедеш сам себеси!

Делува чудно и невозможно, но навистина функционира и всушност нашиот организам со автофагија самиот се чисти од сè што не му е потребно, а некои автофагијата ја нарекуваат и еликсир на младоста и виталноста.

Loading...

Ова е толку значајно сознание, што јапонскиот научник Јошинори Осуми во 2016 година доби Нобелова награда за придонес во проучувањето и разоткривањето на начинот на кој функционира оваа диета.

Доколку сакате на природен начин да се ослободите од вишокот килограми, да го подмладите својот организам и да живеете поздраво и повитално, продолжете да го читате текстот.

Што е автофагија?

Автофагија е еволутивен механизам кој настапува во периоди на гладување и му овозможува на организмот да преживее создавајќи енергија преку сопствена рециклажа на телото.

Со други зборови, автофагија претставува рециклажа на клеточно ниво, односно, оштетените и деформирани клеточни елементи минуваат низ процес на рециклирање и така клетката добива “нов и млад” материјал.

Автофагија е генерално чистење на клетките и исфрлање не само на наталожениот отпад и токсини од телото, туку и негова трансформација во пофункционално и поздраво тело.

Трупањето на “клеточен отпад” во текот на годините, е една од главните причини за неправилна работа на клетките и пребрзо стареење на телото.

Автофагија е механизам на нашиот организам кој ни помага да бидеме поздрави и повитални. Оваа диета, односно начин на исхрана, му помага на нашето тело да се ослободи од оштетните клетки и “болни” (малигни) клетки.

Многу е важно организмот да се ослободи од ваквите клетки, бидејќи истите можат да предизвикаат многу сериозни заболувања.

Во релевантни научни истражувања биолозите, генетичарите и неврохирурзите докажале дека автофагијата создава механизам на одбрана од многу болести како што се Паркинсонова, Алцхајмерова и Хантингтонова болест, како и одредени видови деменција.

Како се постигнува автофагија на телото?

Освен многу важното влијание на невродегенеративните состојби, ублажување на ефектите од стареењето, слабеење и слично, автофагијата го “чисти” организмот од вируси, бактерии, габички, инфекции и делува поволно врз имуниот систем.

Во рамките на 24 часа, автофагијата опфаќа гладување во период од 16 часови, а храна се консумира во останатите 8 часа.

ПРИМЕР: Ако првиот оброк наутро ви е во 10 часот, последниот мора да ви биде во 18 часот. После тоа се пие само вода, до следниот ден во 10 часот наутро.

Што значи, не се вечера, туку се пие само вода до следниот оброк, следниот ден. Според сопствените животни навики ги прилагодувате овие 8 часа кога е дозволена консумација на храна. Во текот на овие 8 часа се препорачува зелен чај, многу вода, витамини Б и Д, маслиново масло, растојание помеѓу оброците, брзо одење или друга физичка активност.

ИСКУСТВО НА РОСА ТРИВИЌ која цела година се придржувала на овој начин на исхрана:

“На автофагијата треба да се гледа како на лекување на организмот, а не како на диета. Навистина ќе ослабите на овој начин, но до одредено ниво кога ќе се воспостави рамнотежа и баланс на метаболизмот.

Клучна работа е да се придвижи вистинската функција на метаболизмот. Автофагијата овозможува организмот да се исцрпи до точка кога ќе започне сам себе да се “јаде”, а тоа е всушност тригерот.

Со автофагијата исто така, се добива и многу енергија. Секако, ова е само еден дел кој нам ни е презентиран преку медиумите. Меѓутоа, ние не знаеме, барем повеќето од нас, како на пример функционираат монасите и по два месеци без храна а полни се со енергија и сила. Тоа е вистинска мистерија…”

Loading...